Достапни линкови

Ескалација на политичката криза во Македонија


Заев во крв, пратениците од СДСМ и други нападнати во Собранието
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:00 0:00

Заев во крв, пратениците од СДСМ и други нападнати во Собранието

Сумирано

  • Претседателот на СДСМ Зоран Заев и неколкумина други пратеници се повредени, откако дел од демонстрантите од иницијативата „За заедничка Македонија“ и маскирани лица упаднаа во прес-салата на Собранието и ги нападнаа.
  • Во Парламентот и околу него и натаму има демонстранти.
  • Полицијата не интервенираше, а специјалци пристигнале во Парламентот по час и половина. Извлекла 30 пратеници.
  • Претходно, новото парламентарно мнозинство, предводено од СДСМ, го избра Талат Џафери за нов претседател на Парламентот.
  • Високи претставници на ЕУ, ОБСЕ и повеќето странски амбасадори во Македонија го осудија насилството во Собранието и побараа итно смирување на тензиите.

СДСМ повика на воздржаност, насилниците ќе одговараат

СДСМ во пишано соопштение повикува на максимална воздржаност и присебност од секој граѓанин, независно од каква било различност. Од СДСМ додаваат дека во периодот што претстои процесите ќе продолжат со конечно реализирање на мнозинската волја на граѓаните.

„Сите оние кои денеска вршеа насилство врз легитимните претставници на граѓаните во Парламентот и врз Законодавниот дом, ќе се соочат со лична кривична одговорност“, се вели во соопштението.

Полицијата го испразни Собранието, 45 повредени во насилствата

Полицијата вечерва ја испразни собраниската зграда. Светлата во законодавниот дом се изгаснати. Пред сите влезови има припадници на полицијата, а околу Собранието се поставени метални барикади. Вкупно 45 луѓе, меѓу кои тројца полицајци и обезбедување, се примени вечерва во Градската болница во Скопје. Четворица се задржани на понатамошно лекување.

Лидерите на иницијативата „За заедничка Македонија“ ги осидија денешните насилства во Парламентот, но повикаа на останување пред Собранието, на мирен протест.

Шок бомби за растерување на демонстрантите пред Собранието

Шок бомби за растерување на демонстрантите пред Собранието
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:56 0:00

Полицијата со шок бомби се обидува да ги истера демонстрантите од Собранието, кои ја запоседнаа зградата по веста дека Талат Џафери е избран за собрансики спикер. Од МВР информираа дека до 20:43 часот биле евакуирани 30 пратеници.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG