Достапни линкови

Вести

Могерини: санкциите на ЕУ ќе остануват во сила

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров
Шефот за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини, изјави дека Европската унија сака да има подобри односи со Русија, но оти не може да се преправа дека Москва не го анектирала Крим, и дека санкциите ќе останат во сила. Могерини, за време на нејзината официјална посета на Москва , денеска говореше на заедничката прес-конференција по разговорите со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Таа, исто така ја критикуваше Москва поради докази за насилство и злоупотреба на геј мажи во регионот Чеченија , велејќи дека одговорност на руската влада е да ги заштити правата на сите свои граѓани. Могерини изјави дека нема смисла да се преправа дека вистинските проблеми во односите меѓу Русија и ЕУ не постојат. ЕУ, САД и други земји воведоа санкции за Русија, откако Москва ја презеде контролата врз полуостровот Крим од Украина во 2014 година. Могерини и Лавров, исто така, имаат различни гледишта во врска со нападот со смртоносниот гас сарин на 4 април за кој западните земји велат дека е извршен од сириската влада.

види ги сите денешни вести

Израелската влада одлучи за затворање на Ал Џезира

Телевизија Ал Џезира
Телевизија Ал Џезира

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучи да ја затвори телевизијата Ал Џезира во Израел се додека трае војната во Газа, со образложение дека катарската телевизиска мрежа ја загрозува националната безбедност.

„Поттикнувачкиот канал Ал Џезира ќе биде затворен во Израел“, објави Нетанјаху на социјалните мрежи по едногласното гласање во владата.

Во соопштението на владата се вели дека израелскиот министер за комуникации потпишал наредба за „итно дејствување“, но Ал Џезира сепак може да се обиде да ја оспори оваа одлука на суд.

Мерката, како што се наведува во соопштението, ќе опфати затворање на канцелариите на Ал Џезира во Израел, конфискација на опремата за емитување, исклучување на канали од кабелски и сателитски компании и блокирање на веб-страниците.

Ал Џезира е финансирана од катарската влада, а телевизијата ја критикуваше израелската воена операција во Газа, од каде известуваа нивните новинари во текот на војната. Во израелската изјава не се споменуваат операциите на Ал Џезира во Газа.
Минатиот месец, израелскиот парламент го ратификуваше законот со кој се дозволува привремено затворање на странски радиодифузери во Израел кои се сметаат за закана за националната безбедност.

Ал Џезира претходно ги отфрли обвинувањата дека тие се закана за безбедноста на Израел и рече дека затворањето е обид да се замолчат.

Законот им дозволува на Нетанјаху и на безбедносниот кабинет да ја затворат Ал Џезира во Израел на 45 дена, но одлуката може да се обнови за да се задржи исклучувањето на сила до крајот на јули или до крајот на големите воени операции во Газа.

Русија тврди дека го освои градот Доњецк

Русија/Украина војна
Русија/Украина војна

Руските сили тврдат дека презеле контрола врз град во источна Украина, чија одбрана ја пробиле пред околу две недели, додека руските ракети убиле две лица во друго село на истокот на земјата.

Од Украина се уште нема информации за руските наводи за заземањето на градот Очеретина. Меѓутоа, доколку се потврди, тоа ќе биде последен во серијата неуспеси на украинските сили на бојното поле. Украинската војска се бори да ја запре руската офанзива, додека исто така се соочува со недостиг на работна сила и муниција.

Во своето секојдневно обраќање руското Министерство за одбрана објави дека војниците од Централната командна група ја презеле контролата врз градот.

Украинската армија беше охрабрена од минатомесечната одлука на американскиот Конгрес да испрати оружје и опрема во вредност од 60 милијарди долари. Но, ќе треба време за да почнат да се појавуваат оружје, гранати и возила на бојното поле. Новоусвоениот закон со цел зајакнување на украинските трупи е исто така клучен, но обуката на нови војници ќе трае со недели, ако не и со месеци.
Украинската армија објави дека Русија лансирала дваесетина беспилотни летала во текот на ноќта, а сите освен еден биле соборени, соопштено е.

Две лица загинаа во текот на ноќта кога руски ракети погодија куќа во селото Покровск, на околу 40 километри западно од Очеретина, изјави Вадим Филашкин, воен гувернер на Доњецката област, која сè уште е под украинска контрола.

Неделните бомбардирања на енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа штета од повеќе од милијарда долари, рече министерот за енергетика, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во многу делови на Украина.

Десетици демонстранти беа уапсени за време на викендот во американските кампуси

Протести Вирџинија
Протести Вирџинија

Најмалку 25 лица беа уапсени во саботата на пропалестински демонстрации на универзитет во американската сојузна држава Вирџинија, а полицијата расчисти шаторска населба што студентите ја поставија во знак на протест против војната во Газа.

Студенти ширум САД поставија шатори во универзитетските кампуси во знак на протест против повеќемесечната војна во Газа и го повикаа претседателот Џо Бајден, кој го поддржува Израел, да стори повеќе за да го запре крвопролевањето во Газа.

Студентите, исто така, бараат прекин на американската воена помош за Израел, дистанцирање на универзитетот од добавувачите на оружје и други воени профитерски компании и помилување и амнестија за студентите и професорите кои биле казнети или отпуштени поради протести.

Во соопштението за печатот, Универзитетот во Вирџинија рече дека демонстрантите прекршиле неколку универзитетски политики, вклучително и поставување шатори и користење гласна музика.

Претседателот на Универзитетот во Вирџинија, Џим Рајан, рече дека официјалните лица дознале дека „поединци кои не се поврзани со универзитетот“ им се придружиле на демонстрантите во кампусот. Не е јасно колку студенти има меѓу уапсените.

Во текот на изминатите неколку недели низ американските универзитети се одржуваат протести и контрапротести поради војната во Газа. Голем број училишта, вклучително и Универзитетот Колумбија во Њујорк, ја повикаа полицијата да ги задуши протестите. Низ целата земја, полицијата досега уапси над две илјади демонстранти.

Универзитетот во Мичиген е еден од многуте што ги променија безбедносните протоколи за церемониите за дипломирање.

Антивоените протести се организираат како одговор на израелската офанзива во Газа, започната по нападот на Хамас на 7 октомври, за кој Израел тврди дека загинале 1.200 луѓе. После тоа, Израел започна напади врз Газа каде според Министерството за здравство предводено од Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка група, загинаа повеќе од 34.000 луѓе.

Во руски ракетни напади загинаа 2 лица во источна Украина

Украина, напади
Украина, напади

Руски ракети убиле две лица во село во источна Украина, додека Русија лансирала дваесет дронови камикази над повеќе цели.

Вадим Филашкин, воениот гувернер на регионот Доњецк кој сè уште е под украинска контрола, рече дека ракетите погодиле куќа во селото Покровск рано на 5 мај, при што биле убиени нејзините станари.

Во меѓувреме, украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала 24 беспилотни летала Шахед во ирански стил на нејзина територија во текот на ноќта; војската тврдеше дека сите освен еден биле урнати.

Неделното руско бомбардирање на украинската енергетска инфраструктура предизвика штета од повеќе од една милијарда долари, рече министерот за енергетика на земјата, што доведе до прекини на струја во многу региони.

Претходно најмалку шест лица беа повредени во напади со руски беспилотни летала на Харков и Днипро, а погодени беа и неколку трговски и станбени згради.

Руски претставник изјави дека најмалку пет лица се повредени во експлозијата во градот Белгород, во близина на украинската граница.

Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили лансирале 13 беспилотни летала Шахед насочени кон области во североисточниот и централниот дел на земјата. Сите беспилотни летала беа соборени, изјави командантот на воздухопловните сили.

Милиони православни христијани го одбележуваат празникот Велигден

Северна Македонија, Велигден
Северна Македонија, Велигден

Милиони православни христијани ширум светот го прославија Велигден, бдеејќи и присуствуваа на полноќни миси за да го одбележат најсветиот ден во православниот календар.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Во Москва, претседателот Владимир Путин им се придружи на другите верници рано на 5 мај во главната црква во главниот град на Русија, катедралата Христос Спасителот, за да присуствува на богослужбите предводени од поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил.

На богослужбата, Кирил, жесток поддржувач на Путин и војната против Украина, се молеше за заштита на „светите граници“ на Русија, изразувајќи надеж дека Бог ќе ја запре „меѓународната расправија“ меѓу Русија и Украина, јави државната вести на ТАСС.

Украинските православни верници, пак, се собраа во главната киевска катедрала и другите цркви низ земјата за да го одбележат празникот. Во видеото објавено на Телеграм и неговата веб-страница, претседателот Володимир Зеленски ги повика Украинците да се обединат во молитва.

„И нашиот поранешен сосед, кој секогаш се обидуваше да ни биде брат, сега е засекогаш оддалечен од нас“, рече тој, мислејќи на Русија. Ги прекрши сите заповеди, ни го побара домот, дојде да не убие. Светот тоа го гледа,“ рече тој.

Православната црква на Украина формално се отцепи од надзорот над руската црква во 2019 година, по повеќедецениски тензии. Помалата колекција на украински православни цркви одржуваше врски со московската црква, но потоа ги прекина тие во 2022 година, по масовната инвазија на Украина од страна на Русија.

Православните христијани го следат Јулијанскиот, а не Грегоријанскиот календар и го слават Велигден овој викенд, додека повеќето западни цркви, вклучително и украинските римокатолици, го празнуваа празникот на 31 март.

Во Грузија, која е потресена од повеќедневните улични протести поради контроверзниот закон, внимателните Грузијци одржаа свои бдеење со свеќи и присуствуваа на миса во главниот град Тбилиси и на други места. Илјадници луѓе се собраа пред парламентот на авенијата Руставели во Тбилиси, која беше во фокусот на протестите и судирите со полицијата, за да се молат и да пеат литургија доцна на 4 мај.

Десетици илјади израелци протестираат за ослободување на заложниците

Протест за итно ослободување на заложниците, Тел Авив, Израел, 4 мај 2024
Протест за итно ослободување на заложниците, Тел Авив, Израел, 4 мај 2024

Пред продолжување на преговорите за примирје, десетици илјади Израелци се собраа во Тел Авив повикувајќи на договор за ослободување на заложниците.

Демонстрантите бараат од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го прифати договорот за прекин на огнот.

Протестите доаѓаат во моментот на одржување на преговори со претставници на Хамас, кој ЕУ и САД го сметаат за терористичка организација, во Каиро. На преговорите се присутни и египетски и катарски посредници, а семејствата на повеќе од 130 заложници порачаа дека мора да се направи се за нивно ослободување.

„Мораме да ги вратиме назад. Мораме да ги вратиме сите заложници, живи. Мора да ги вратиме. Мора да ја смениме оваа влада. Ова мора да заврши“, рече Натали Елдар.

Околу 1.200 Израелци беа убиени кога Хамас ги започна своите напади на 7 октомври. Како одговор, Израел започна напади врз Газа во кои досега загинаа над 34.000 луѓе, според Министерството за здравство на Хамас.

Владата на Нетанјаху инсистира дека нема да ја запре војната додека Хамас не биде уништен и додека не се вратат заложниците. Сепак, во тек се преговори за да се обезбеди прекин на огнот.

Израелскиот премиер се соочува со притисок од националистичките верски партии во неговата коалиција да го отфрли договорот со Хамас и да продолжи со офанзивата врз градот Рафах во јужниот дел на Газа.

Се проценува дека повеќе од 1,4 милиони Палестинци се засолниле во јужниот дел на Појасот Газа откако избегале од борбите од северниот и централниот дел.

Пожар во дом за стари лица во Банско, нема повредени

Илустрација
Илустрација

Пожар синоќа избил во Дом за стари лица во село Банско, Струмичко. Нема повредени лица, предизвикана е само материјална штета, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според Регионалниот центар за управување со кризи - Струмица, пожарот бил пријавен околу 23.30 часот. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарот целосно е изгаснат во 50 минути по полноќ.

„Прво биле евакуирани лица од катот каде што бил пожарот, потоа од долните катови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица полека се вратени на местата, собите од каде што биле евакуирани. Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени,“ појаснуваат од ЦУК.

Во соопштението уште се наведува и дека изминатото деноноќие имало вкупно 1.759 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 во ЦУК

Испечатени гласачките ливчиња за двојните избори на 8 мај

Илустрација
Илустрација

Се дистрибуираат гласачките ливчиња низ избирачките места во Северна Македонија за претстојните парламентарни и претседателски избори, закажани за 8 мај, објавува МИА според информации од Државната изборна комисија (ДИК).

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуира избирачкиот материјал низ цела држава, а од ДИК очекуваат дека дистрибуцијата ќе биде комплетна до крајот на денот.

„Екипите се на терен, вкупно треба да бидат дистрибуирани околу 3.600.000 гласачки ливчиња. Досега, не се евидентирани никакви проблеми при дистрибуцијата на избирачкиот материјал, велат од ДИК.

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните избори 1.815.350 избирачи.

Полицаец вклучен во грабнување, изнуда и закани за убиство

Илустрација
Илустрација

Полицаец е вмешан во грабнување и разбојништво на маж во Скопје. Заедно со уште двајца скопјани, се осомничени, дека го киднапирале, го избоделе и истепале, па му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко доколку не им исплати 10.000 евра.

„Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.“, се вели в осоопштението од обвинителството.

Настанот се случил на 23 април откако двајцата скопјани лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил кој го управувал полицаецот и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

„Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.“, велат од обвинителството.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво и Противправно лишување од слобода .

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, велат од Обвинителството.

Полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Русија го стави украинскиот лидер Зеленски на списокот за „потраги“

Украинскиот претседател - Володимир Зеленски
Украинскиот претседател - Володимир Зеленски

Руското Министерство за внатрешни работи отвори „кривичен случај“ против украинскиот претседател Володимир Зеленски и го стави на „списокот на барани лица“, објавија руските државни медиуми на 4 мај. Конкретните обвиненија не беа идентификувани.

Зеленски, кој ја водеше својата земја низ целосната руска инвазија која започна во февруари 2022 година, се приклучува на долгата листа на странски функционери под различни кривични потерници, вклучително и многу водачи од Централна и Источна Европа.

Во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за депортација на украински деца во Русија, воено злосторство според меѓународното законодавство.

Инаку вчера на 3 мај украинскиот претседател Володимир Зеленски го одбележа 800-тиот ден од почетокот на општата руска инвазија, велејќи дека „сите Украинци“ и сојузниците на Украина мора да направат се за да ги блокираат плановите на Кремљ.

Тој рече дека Украина се соочува со нова фаза, додавајќи дека „окупаторот се подготвува да се обиде да ги прошири офанзивните операции“, пренесе украинскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Од друга страна, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека Кремљ е подготвен да ги разгледа „сериозните“ предлози за решавање на конфликтот врз основа на постоечката „реалност“ и земајќи ги предвид безбедносните грижи на Русија, вклучително и ветувањето на Киев дека ќе остане воено неутрален.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG