Достапни линкови

Смит - Ако нема злоупотреби од амбасадата во Скопје ќе речам алелуја


Американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит
Американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит

Свиркачот од Македонија ни обезбеди некои вознемирувачки информации дека амбасадата во Скопје поддржувала крајно левичарски веб сајтови и невладини организации кои заземале страна на изборите и затоа тие обвинувања треба целосно да бидат истражени, вели американскиот републикански конгресмен Кристофер Смит, во интервју за Радио Слободна Европа. Ако немало проблем, јас ќе речам алелуја, но тоа мора да биде истражено, вели тој. Смит неодамна побара истрага во Конгресот за политизирањето на улогата на американската амбасада во Скопје и на амбасадорот Џес Бејли. На прашањето дали САД треба да продолжат со поддршката за работата на СЈО, тој вели дека истрагата за наводни злоупотреби треба да биде агресивна и без агенда.

Конгресмене Смит, вие сте дел од „Конгресната група за Македонија“. Како би ги оцениле односите меѓу Македонија и Соединетите Држави?

Мислам дека се одлични и дека секогаш можат да бидат подобрени и што повеќе соработуваме и работиме врз подрачјата од заемен интерес, тоа е подобро. Бев во Македонија на два пати. Прв пат бев во Стенковец кога имаше многубројни бегалци од соседно Косово, а бев и во Скопје со висока делегација. Знаете, јас работам врз проблематиката на трговија со луѓе и со македонските лидери. Јас сум автор на американски закони за борба против ова модерно ропство. Секогаш треба да гледаме како да ги подобриме и засилиме односите, иако мислам дека имаме многу блиски односи и тоа е многу важно.

Слободата на печатот забележува голем пад во изминативе години. Како вие се информирате за случувањата во Македонија. Кој е вашиот главен извор за информирање?

Имам многу извори. Секако, јас разговарам со луѓето во американскиот Стејт департмент, зборувам со невладини организации кои ја следат состојбата со слободата на медиумите, читам различни извештаи и од Асошиејтед прес. Се обидувам да сум информиран во секоја смисла. Јас исто така сум шеф на американската делегација во Парламентарното собрание на ОБСЕ и се обидувам најдобро што можам, јас и моите колеги да бидеме информирани. Секако, има многу земји во светот, но ние се обидуваме да останеме што е можно подобро информирани. Очигледно заедничката одбрана е една од најголемите подрачја на загриженост и ние се обидуваме да бидеме добро запознаени.

Вие испративте прашања до Амбасадата на САД во Скопје по повод обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека амбасадорот Џес Бејли заземал страна во македонската криза. Дали имате различен став од оној на Стејт департменот во врска со ова?

Јас испратив писмо на 17 јануари, попишано од уште петмина мои колеги и ние сè уште немаме добиено одговор од Стејт департментот. Немаме одговори на прашањата што ги поставивме, а ние гледаме вознемирувачки информации кои сугерираат дека САД и посебно амбасадорот Бејли заземаат страна и тоа би било погрешно. Знаете, една работа е да притискате, а една од работите со кои Хелсиншката комисија и ОБСЕ се гордеат е да се осигураат слободни и фер избори кога се случуваат, но никогаш не заземаме страна. Станува збор за американски пари и американски фондови, а ние имаме кредибилен извор кој ни вели дека имало застранување и еднострана поддршка на крајно леви медиумски групи и веб сајтови. И тоа е тоа што го прашав Џес Бејли. Сакаме одговори и ги сакаме сега. Факт е дека чекаме две недели. Ние имаме уставна одговорност во Конгресот да се осигураме дека секој долар од американските даночни фондови се троши правилно, целосно транспарентно и без скриени игри и фактот дека немаме одговор повеќе од две недели е вознемирувачки. И сè додека ова не излезе во медиумите, немаше интерес да ни се одговори и јас сум многу загрижен за тоа. Ние сакаме верификација и да знаеме што навистина се случува на теренот, бидејќи тоа не е начин на кој треба да се трошат американските пари.

Од американската амбасада имаше најава дека ќе ви биде одговорено.

Да, но нема и сè уште немаме одговор и јас верувам дека треба да дојдеме до точката за истрага од ОИГ (Канцеларија на Генералниот инспектор) дека ова предолго трае и дека има многу дезинформации ширени од Стејт департментот во многу земји во изминативе неколку години. Иронично е, додека Викиликс не излезе со нивни информации, ние разбравме за тоа што всушност некои наши мисии прават. И јас мислам дека тоа е шокантно, а ние мораме да обезбедиме отвореност. Имам поплаки и од други земји и нив ќе ги следиме исто така. Македонија е една од многуте земји, но свиркачот ни обезбеди некои информации кои, според мене, се многу вознемирувачки лоши и затоа треба целосно да бидат истражени. Не треба да се прикријат за да дојдеме до крајната цел, а тоа е во Македонија да има слободни и фер избори и независни и големи медиуми. Јас за ова сум напишал закони и амандмани за слободата на печатот. Сум работел со новинарски организации и невладин сектор кој се занимава со тоа. Но, идејата е да не се биде на една или на друга страна на изборите, бидејќи тоа не е етички за американската надворешна политика.

Во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик, портпаролот Марк Тонер изјави дека амбасадорот Џес Бејли ја има целосната поддршка на Стејт Департментот. Мајк Тонер додаде и дека Вашингтон силно ги охрабрува сите страни да го почитуваат и применат договорот од Пржино кој е постигнат со помош на САД и ЕУ. Специјалниот јавен обвинител е дел од овој договор и го истражува евентуалниот криминал направен од неколку поранешни владини функционери, меѓу кои, и екс-премиерот Никола Груевски. Дали мислите дека САД треба да продолжат со поддршката за работата на Специјалното јавно обвинителство?

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:24 0:00
Директен линк

Мислам дека истрагата за наводни злоупотреби треба да биде агресивна. Треба да има гаранции дека нема план или дека сè се прави без некој вид агенда. Јас секако поддржувам разумна, но мора да биде и агресивна истрага против криминал и злоупотреби. Мојата загриженост и фокус, за што мислев дека повеќе ќе зборуваме, е загриженоста која ми беше мене изразена, а ја видовме насекаде, дека амбасадорот Бејли поддржувал невладин сектор кој заземал страна на изборите и со политички партии. Тоа САД не треба да го прават. Факт е дека некој во Стејт департментот рекол дека амбасадорот Бејли ужива целосна поддршка. Добро, сега истражувајте. И искрено, ако испадне дека нема ништо од овие обвинувања, тоа ќе биде фантастично и јас ќе го поздравам тоа. Но, јас имам случаи во минатото кога сум бил принуден да одам до ОИГ за да дојдам до вистината преку истрага, бидејќи спинот што се прави од прес-канцелариите е погрешно наведување и не е фактографски. Затоа постојат канцелариите на ОИГ и ГЕО (Канцеларијата за владина одговорност).

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:58 0:00
Директен линк

Сакаме независна верификација за обвинувањата направени од свиркачот. Тие дојдоа кај нас со информации, точни или неточни, но доказите изгледаат кредибилни и сакам да се оди до крај. Не би сакал ништо повеќе од тоа да се докаже дека нема за што да се обвини, но јас имам морална и законска обврска, кога ќе се соочам соможни злоупотреби, да побарам соодветна истрага и затоа јас барам од ОИГ да истражи дали Џес Бејли и мисијата правеле напори пари од даночните обврзници да течат кон НВО кои заземале страна при изборите. Ако немало проблем, јас ќе речам алелуја, но тоа мора да биде истражено.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG