Достапни линкови

Груевски им се заканува на политичките противници


Избори 2016- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на митинг на Коалицијата „За подобра Македонија"

Ваквиот тип политички пораки раѓаат страв кај неистомислениците, а може да бидат разбрани и како пораки за конкретни реперкусии, коментираат аналитичарите. Груевски синоќа рече дека да бил Гоце Делчев жив на Зоран Заев ќе му го испрател Ќосето.

Во последните денови од изборната кампања пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека да бил Гоце Делчев жив на Зоран Заев ќе му го испрател Ќосето, предизвикува фрустрации и раѓа страв кај граѓаните, оценуваат аналитичарите.

Според професорот од Правниот факултет Јустинијан Први Ненад Марковиќ тоа е порака до сопственото гласачко тело за збивање на редовите, но може и да има и контраефект, да се мобилизираат дел од неопределените гласачи кои не мислеле да излезат на избори да гласаат против.

„Ваквиот тип на несмасни политички пораки раѓаат фрустрации и раѓаат страв од некој кој пушта пораки за конкретни реперкусии за некој кој не е негов политички истомисленик. Секој кој се доживува барем малку како неистомисленик на одреден политичар кој пушта вакви пораки веројатно е сега помотивиран, барем за еден процент, да излезе и да гласа против некого“, вели Марковиќ.

Изјавата на Груевски синоќа на митингот во Делчево, упатена кон претседателот на СДСМ, предизвика аплауз кај насобраните поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да беше Делчев денеска жив, тој немаше со него да може да се поздрави, на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек“, рече Груевски.

Во така наречените опозициски бомби, пак, можеа да се слушнат два разговори во кои како што тврди опозицијата, Груевски зборува за своите опоненти.

Во едниот, според СДСМ, се слуша гласот на тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и на Грувески кој нарачува шлаканици за градоначалникот на Центар Андреј Жерновски во време кога имаше протести на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ против Деталните урбанистички планови.

„Се си мислам дека покрај тоа што на уставен ќе падне во петок, он да изеде и едно пет-шест шамари пред камери. Да влезат граѓани и еден граѓанин да дојде да му удри три шамари, јаки и да си искочи“, се слуша во нелегално објавените телефонски разговори.

please wait

No media source currently available

0:00 0:01:54 0:00
Директен линк

Во друг разговор пак се зборуваше за претседателот на ПЕИ Фијат Цаноски кој претходно ја напушти владината коалиција, а подоцна беше урнат неговиот објект Космос. Во него како што велат од СДСМ, се слуша гласот на Груески раскажува впечатоци од средбата со Цаноски.

СДСМ: Никола Груевски и Миле Јанакиески за Космос
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:15 0:00
Директен линк

„Не да е посран, му тече низ панталони“, вели како што велат од СДСМ Груевски за Цаноски.

Но тоа што синоќа се случи, алузијата со Ќосето, е врв на агресивните пораки кои и претходно ги имало и од други политичари, оценува Марковиќ кој нагласува дека и по 11 декември треба политичкиот живот да продолжи.

„Она што мене ме плаши е што во една социјално загрозена држава, односно во една држава во која имате голема сиромаштија и многу нетрпеливост практично ова може да биде сватено од многу луѓе како повик на линч“, оценува Марковиќ.

Инаку Андон Лазов Јанев кој го спомена Груевски е познат како Ќосето или Касапот. Тој бил учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век и се смета за професионален атентатор на македонската револуционерна организација.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG