Достапни линкови

Клинтон не стравува од новата истрага на ФБИ


Американската демократска кандидатка за претседател Хилари Клинтон на аеродромот во Мајами, Флорида, 26 октомври 2016

Американската демократска кандидатка за претседател Хилари Клинтон денеска изјави дека е убедена оти истрагата на ФБИ за нејзините меилови нема да влијае на првичниот заклучок во јули кога беше затворена истрагата и дека нема да биде гонета. Таа ги повика претставниците на ФБИ да и одговорат на јавноста за што се води истрагата сега, без одложување.

Истражителите од ФБИ соопштија дека тие разгледуваат нови меилови кои се поврзуваат со употребата на приватниот сервер на Клинтон. Писмото кое директорот на ФБИ го испрати до Конгресот создаде голема нееизвесност во претседателската кампања, на само две недели пред денот на изборите.Со писмото ФБИ го информира конгресот дека ја разгледува можноста за повторна истрага откако се објавени нови мејлови од приватниот сервер на Хилари Клинтон кои би можеле да содржат доверливи информации.

XS
SM
MD
LG