Достапни линкови

Судот не кажува кога ќе бидат повикани осомничените од СЈО


Архивска фотографија- Основен суд Скопје 1

Основниот суд Скопје 1-Скопје денеска соопшти дека во врска со повикување на сослушување на лица опфатени во истражни и предистражни предмети кои ги води Специјалното јавно обвинителство со оглед на тоа дека како што наведуваа со постапките на СЈО се правеле спектакли со кои секојдневно се занимавала јавноста преку прес – конференции и телевизиски излагања, а истовремено не се водела сметка за пресумцијата на невиност и законитоста на постапките, судот, респектирајќи го дигнитетот на судската власт, немало да учествува во ваков вид на спектакли. туку наместо тоа отсега благовремено и прецизно ќе ја информирале јавноста за сите донесени одлуки преку соопштенија.

„Од тие причини како суд за сите информации поврзани со истражни и предистражни постапки на некое од обвинителствата во Р.Македонија, ве упатуваме да се обратите до странките во постапките, бидејќи судот ги почитува уставно загарантираните права на сите страни во постапките“ наведуваат од судот.


XS
SM
MD
LG