Достапни линкови

Бегалците сфатија дека балканската рута е затворена


Преполовена е бројката на бегалци во кампот во Табановце. Во кампот во Идомени во близина на грчко-македонската граница нови бегалци не доаѓаат, а дел од луѓето таму се преместуваат во други камови во Грција или се враќаат во Турција.

Состојбата на бегалците во прифатниот камп Табановце на македонско српската граница е непроменета, само нивната бројка е намалена, велат од невладините организации кои работат на терен. Од Идомени, пак, на грчко- македонската граница бегалците веќе се префрлаат во други кампови.

Нема нови пристигнувања во изминатата недела, напротив од март префрлени се околу 2.000 лица во други кампови надвор од Идомени. Баш утринава беа префрлени луѓе од Идомени во новиот камп во Лагадикија.
Насир Фернандез, координаторот за вонредни ситуации на УНХЦР.

Кастриот Реџепи од невладината „Нун Култура“ вели дека бројката не бегалци на Табановце од над илјада се свела на околу 530.

„Дел се вратени, дел најверојатно на илегален начин се обиделе илегално да преминат, така што моменталната бројка е 530. Условите се тие, значи кампот функционираше како транзит зона, сега се прават напори да се подобрат условите за престој. Во секој случај условите се тешки за толку долг период колку што престојуваат бегалците на исто место“, вели Реџепи.

Координаторот за вонредни ситуации на УНХЦР, Насир Фернандез кој е во мисија во северна Грција вели дека во Идомени во моментов се наоѓаат од девет до 10 илјади бегалци. Дел од нив се вратени во камп во Турција согласно европскиот договор за реадмисија на бегалците.

„Нема нови пристигнувања во изминатата недела, напротив од март префрлени се околу 2.000 лица во други кампови надвор од Идомени. Баш утринава беа префрлени луѓе од Идомени во новиот камп во Лагадикија. Така што ние транспортираме луѓе колку што можеме во камповите во близина од Лагадикија. Нема нови пристигнувања од Лагадикија.“

Фернандез додава дека бегалците сфатиле оти границата за нив е затворена и ќе продолжи и натаму нивното преместување во новите кампови кои се градат.

Реџепи истакнува дека македонските локални власти треба да го спроведат апелот на УНХЦР за подобро сместување на бегалците кои се наоѓаат во Табановце.

„Доколку овие бегалци не се опфатени со договорот на ЕУ и Турција најдобро е на нив да им се овозможи нешто слично со тоа што ќе бидат сместени во домови, наместо вака да бидат во еден камп кој наликува како на затвор и не е погоден за подолгорочен престој особено сега во летниот период кога температурите се високи.“

Агенцијата на Обединети нации за бегалци и грчката Служба за управување со бегалската криза соопштија дека 3.469 луѓе пристигнале во Грција од Турција во април, за разлика од истиот период во минатата година кога нивниот број изнесуваше 13.556. Околу 155.000 мигранти и бегалци пак пристигнале во нашиот јужен сосед од почетокот на годината до крајот на април.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG