Достапни линкови

Визите засега не се враќаат


Некои земји членки на ЕУ ги враќаат границите, но во моментов не постои реална можност Шенген земјите повторно да воведат визи за државите од Западен Балкан.

Новонастанатата ситуација во Шенген зоната по одлуката на неколкуте нејзини членки, како Австрија, Германија, Шведска и Данска, да воведат нови гранични контроли поради големиот бегалски и мигранстски бран со кој се соочува Европа, го отвори прашањето дали е можно Шенген земјите да воведат и други мерки, како повторно воведување на визи за државјаните кои не припаѓаат на државите на Европската унија.

Мислам дека од оваа конкретна ситуација, државите од Западен Балкан, коишто во 2009 година добија безвизен режим, а некои од нив и подоцна во 2010 година, не се директно засегнати на ниту еден начин со оваа одлука, ниту пак има изгледи да биде проширена на нив некоја рамка со мерки коишто би повлекла повторно воведување на визи.
Бојан Маричиќ, Македонски центар за европско образование,

Повиците за реформи и за укинување на Шенген зоната особено се засилија по терористичките напади во Париз на 13 ноември. Повеќе европски земји новите контроли ги воведоа обидувајќи се да го запрат приливот на бегалците и мигрантите.

Познавачите на состојбите сметаат дека во моментов не постои реална можност Шенген земјите повторно да воведат визи за државите од Западен Балкан. Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование, оценува дека тоа би била неоправдана и нелогична одлука. Според него основната цел на воведувањето на ваквите времени мерки, е да се спречи напливот на бегалците и нивното проширување надвор од дестинициите кон кои тие вообичаено одат, како Австрија и Германија. Тој вели дека со овие мерки треба да се спречи слободното движење на бегалците коишто веќе се влезени на територијата на Шенген зоната.

„Мислам дека од оваа конкретна ситуација, државите од Западен Балкан, коишто во 2009 година добија безвизен режим, а некои од нив и подоцна во 2010 година, не се директно засегнати на ниту еден начин со оваа одлука, ниту пак има изгледи да биде проширена на нив некоја рамка со мерки коишто би повлекла повторно воведување на визи“, вели Маричиќ.

Така што Европската унија апсолутно не е загрозена од државјаните на балканските земји. Сепак тие, на еден или друг начин, се тие коишто ги прифаќаат европските стандарди. Генерално граѓаните на Република Македонија, многу брзо се прилагодуваат на стандардите на Европската унија.
Павле Трајанов, пратеник и поранешен министер за внатрешни работи.

Тој коментира дека државјаните на земјите од Западен балкан не претставуваат опасност, а доколку визите бидат повторно воведени тоа би предизвикало сериозни политички и безбедносни импликации во регионот.

„Затоа што таа одлука би повлекла повторно воведување на визи и од оние држави кои се во ЕУ, а не се во Шенген: Бугарија, Романија, Хрватска... Така што тоа ќе значи дополнително кревање на политичките тензии, дополнително изолирање на граѓаните од Западен Балкан, веројатно подигнување на степенот на национализам и анти – ЕУ расположението во регионот. Така што мислам дека тоа само би донело штета и на државите од Западен Балкан и на државите на Европската Унија. Така што не очекувам, бидејќи за тоа нема конкретна причина да бидат воведени визите за државите од Западен Балкан, особено што веќе никој не ни ги споменува оние баратели на азил коишто одеа пред кризата од Македонија, Србија, Албанија и од Косово. Така што попрво би очекувал да се направат чекори во тоа Косово да добие безвизен режим, бидејќи е единствената држава од регионот којашто се уште има визи, отколку враќање на визите“, вели Маричиќ.

И пратеникот Павле Трајанов, кој е и поранешен министер за внатрешни работи смета дека нема потреба повторно да бидат воведени визи за граѓаните од балканските држави, бидејќи како што вели, луѓето кои пристигнуваат од земјите од Блискиот Исток и Северна Африка се тие кои носат и хуманитарни, но пред се безбедносни ризици.

Бидејќи не претпоставија дека вака екстремно ќе се шири тој бегалски бран. Што се однесува до самото проширување на листата на воведување на визи, тоа е можно не заради Македонија и другите држави, туку заради заштита на својот систем од големиот наплив на бегалци.
Стефан Буџаковски, универзитетски професор.

„Така што Европската унија апсолутно не е загрозена од државјаните на балканските земји. Сепак тие, на еден или друг начин, се тие коишто ги прифаќаат европските стандарди. Генерално граѓаните на Република Македонија, многу брзо се прилагодуваат на стандардите на Европската унија. И од тој аспект мислам дека ниту ја загрозуваат безбедноста, ниту претставуваат некој сериозен хуманитарен проблем во Австрија, Германија или било каде. И од тој аспект не очекувам дека ќе има такви одлуки на ниво на ЕУ да се донесе повторно воведување на визи“, вели Трајанов.

Сепак, универзитетскиот професор Стефан Буџаковски е со спротивен став. Тој смета дека неподготвеноста за земјите од Европската унија во однос со справувањето со бегалската криза, исфрла на површина многу појави поради кои во иднина ќе треба да бидат преземени мерки коишто ќе можат да ја спречат појавата да не се шири.

„Бидејќи не претпоставија дека вака екстремно ќе се шири тој бегалски бран. Што се однесува до самото проширување на листата на воведување на визи, тоа е можно не заради Македонија и другите држави, туку заради заштита на својот систем од големиот наплив на бегалци“, вели Буџаковски.

Странски полицајци на македонско – грчката граница

Неодамна земјите од Вишеградската група, како Чешка, Унгарија, Словачка и Полска донесоа одлука да испратат полицајци на македонско – грчката граница, како помош за Македонија во справувањето со мигрантската криза. Во однос на ваквата одлука, Трајанов вели дека тие се добредојдени да контролираат, но посочува дека доколку Европската унија сака да се заштити од секојдневните неконтролирани бранови на бегалци, таа треба да ја обезбеди нејзината надворешната граница.

„Тоа е во овој дел Романија, Бугарија, пред се Грција и се разбира Италија. И ако треба поддршка полициска или друга, тоа пред се треба да се направи во Грција, бидејќи Грција има разгрането море, илјадници острови и тешко е самата Грција да обезбеди заштита на границите од големиот наплив на бегалци со коишто мора хумано да постапува. Не се работи за загрозување на територијалниот интегритет па да употребуваат сила, што би било надвор од секаква логика. Можно е со поддршка на земјите членки на ЕУ да воспостават контрола на надворешните граници и тоа треба да биде стратегијата доколку ЕУ сака да се заштити од бегалците. Сега тие ги пропуштаат од Турција во Грција или во Италија, во Бугарија, а ставаат засилен гранична полиција на македонско – грчката граница. Мислам дека тоа се апсурдни обиди да се направи нешто во функција на намалување на бегалците“, вели Трајанов.

Тој додава дека не постои можност да се запрат бегалците доколку тие веќе се влезени на територијата на Грција.

Како ќе ги запрат бегалците ако дојдат тие во Грција, ако тргнат преку Македонија и Србија да се движат кон земјите членки на ЕУ. Нема можност да се запрат. Генерално мислам дека ЕУ нема стратегија за справување со бегалската криза, особено што Германија прокламираше отворени врати за сите бегалци. Тоа е сигнал дека секој оној што има проблеми во Сирија, Авганистан или Ирак, да тргне да се движи во земјите членки на ЕУ, посебно во Германија и во Австрија. Тоа е проблемот којшто треба да го решава ЕУ и ние тука како држава не сме моќни да направиме нешто повеќе, освен да обезбедиме безбеден транзит за бегалците кои тргнале по тој таканаречен балкански коридор“, објаснува трајанов.

Бојан Маричиќ вели дека вели дека таа гранична контрола има за цел да го одржи редот и мирот на границата, но и да им даде информации на државите на Централна и на Источна Европа за тоа како тече протокот на бегалци на границата меѓу Македонија и Грција.

„Можеби би било пооправдано таа контрола да биде на границата меѓу Грција и Турција, бидејќи оттаму е првиот влез во Европската Унија коишто го имаат бегалците. Но, мислам дека тоа за Македонија значи побезбедна граница во секој случај, поголема контрола и заедничка соработка меѓу граничната полиција и полицијата на овие држави членки. Тоа е секако заеднички координирана акција на ниво на Европската унија, а за државите од Централна и од Источна Европа значи дека тие се вклучуваат во решавање на оваа криза на некој друг начин, освен на подигање на заштитни ѕидови и огради, бидејќи дел од овие држави веќе се на лош глас заради подигањето на тие ѕидови и тие сакаат да покажат дека сакаат да учествуваат во решавањето на оваа криза поинаку и да дадат активен придонес во тоа“, вели Маричиќ.

Во однос на ова прашање, Буџаковски вели дека Македонија претставува транзитно место и теснец каде што најдобро може да бидат контролиран протокот на бегалците кон Европа.

„И од тие причини Македонија е поволна земја каде што можат да направат некаква брана, но не знам дали доволно ќе успеат за да можат да ги спречат оние коишто тргнале, а тоа превентивно да делува на оние коишто се уште тргнале на пат за Европа. Македонија е теснец, а Грција е распространета на крајбрежје со долго пространство, а таму контролата е потешка“, вели Буџаковски.

Австријците поставија ограда на границата

Гоце Атанасов

Уживајте да патувате слободно низ Европа додека можете, бидејќи кој знае колку уште ќе мине време пред да се најдете во ситуација да ги покажувате вашите пасоши на секоја граница. Ова, дел од медиумите во Европската унија им го порачуваат на нивните граѓани откако се повеќе земји почнаа да ги враќаат контролите на нивните граници. Шведска ги продолжи привремените гранични контроли што ги воведе кон Данска, а Данска пак воспостави пунктови за контрола на пасошите на оние што влегуваат во таа земја од Германија.

Отворени врати за бегалците, затворени за европејците
please wait

No media source currently available

0:00 0:08:55 0:00

Ваквите чекори се дел од обидите за справување со последиците од отворениот повик на германскиот канцелар Ангела Меркел за бегалците од Блискиот Исток во минатиот септември. Околу милион имигранти ја прифатија понудата од Меркел што ги одложи и онака задоцнетите напори за постигнување широк договор во Европската унија за поделба на одговорноста во обработката на барањата за азил и нивното разместување со определени квоти во земјите членки на Унијата.

Од друга страна, се чини дека ниту Турција не се придржува на договорот од ноември според кој требаше да го запре приливот на бегалци во замена за финансиска помош од неколку милијарди евра. Наместо тоа, бегалците откако ќе стигнат во Европа си прават сопствени планови. Шведска, која спаѓа меѓу најдарежливите социјални држави, сега има најголема концентрација на баратели на азил во однос на нејзиното население. Стокхолм се обидува да го затвори секој пат преку кој мигрантите одат на север.

Данска и се приклучи на Финска и Норвешка во поострите мерки на својата граница за да избегне огромен број на баратели на азил кои Шведска нема да го прифати. Во меѓувреме, граничните контроли се уште се во сила меѓу Германија и Австрија, а Австријците поставија ограда долж границата со Словенија. Има едно политичко предупредување тука. Гласачите кои, кои инаку сакаат да патуваат во Европа без граници, во рамките на таканаречената Шенген зона, сега бараат построги гранични проверки. Тоа е бидејќи нивните власти не можат да се справат со масовната миграција или да ги гарантираат законот и редот. Уште повеќе поради тоа што европските политичари се бавни во донесувањето заеднички мерки за да ја зајакнат безбедноста.

Брисел малку направи за да се воведат построги проверки пасош за државјани на ЕУ кои се враќаат од места како Сирија, додека Агенцијата за европските надворешни граници Фронтекс и натаму е хронично недоволно финансирана. Меркел можеби конечно ја сфати политичка опасност од нејзината политика спрема азилантите, особено по обвинувањата дека сексуални напади биле извршени од страна на имигранти во Келн.

„Сега се соочуваме со предизвикот од бегалците кои доаѓаат во Европа и ние сме ранливи, како што гледаме, затоа што се уште не ја имаме контролата која би сакале да ја имаме“, рече Меркел во Мајнц деновиве.

Таа оцени дека слободата на движење и еврото се директно поврзани, односно дека не може да се има заедничка валута без да постојат отворени граници. Според неа, доколку земјите не дозволат минување на границите без поголеми тешкотии, тогаш би страдал заедничкиот пазар. Меркел додаде дека за зачувување на Шенген зоната во Европската унија е неопходно да се преземат потези за подобро обезбедување на надворешните граници на Унијата.

„Треба да ја интензивираме борбата против причините кои ги тераат луѓето да бегаат. Тогаш ќе бидеме во можност, а тоа го сакаме во оваа година, да забележиме намалување на бројот на бегалци. Тоа е јасно, бидејќи имаме задача да ги интегрираме кај нас“, изјави Меркел.

Вистинскиот проблем за Меркел и другите лидери на ЕУ не е местото каде што бегалците ќе треба да бидат сместени откако ќе стигнат во Европа. Вистинскиот проблем е дали Европа може да управува со нејзините надворешни граници. Тоа пред се значи воведување ред во политичкиот хаос од Либија, преку Сирија, до Авганистан, што ги тера бегалците да заминуваат за Европа. Европа без граници е се уште сон кој вреди да се има, но дали европските лидери се подготвени да преземат напори за да го задржат, односно да не се претвори во кошмар.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG