Достапни линкови

За мигрантите нема граница меѓу Табановце и Прешево


Мигрантите, од Македонија без проблем до Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Мигрантите, од Македонија без проблем до Србија

Три воза со мигранти претпладнево пристигнаа во Табановце. Од таму пеш се упатуваат во српскиот град Прешево каде што има прифатен центар. Поради забраната во Унгарија, сега од Србија се упатуваат во Западна Европа преку Хрватска.

Над две илјади мигранти само утрово пристигнаа во Табановце. Кој со воз, кој со автобус или такси. Оттаму пешки го продолжуваат патот до соседна Србија, односно до Прешево, каде има прифатен камп за мигранти. По Србија, следна станица сега им е Хрватска, оти Унгарија, која претходно им беше влез во ЕУ, ја затвори границата со Србија.

Ќе продолжам да пешачам додека не најдам земја што ќе нè прифати. Сега ќе одам до Хрватска, па Словенија, затоа што Унгарија стана голем проблем за бегалците, ние ништо не бараме од нив само да ни дозволат да поминеме понатаму.
анкетиран мигрант.

Утрово во Табановце пристигнаа три воза. Со третиот, кој машиновозачите го нарекуваат Горбачов, пристигнаа 500 луѓе. Дел од нив велат дека патот до тука не им е лесен.

„Во Грција пристигнавме со брод, потоа со воз до тука, услугата беше во ред, но потребни се повеќе тоалети. Возот беше преполн со многу луѓе и немаше место за сите, многу луѓе спиеја на земја, но издржавме, сега ќе пешачиме 6 до 7 километри до Прешево, до следната станица.“

Оттука продолжуваат за Белград, Суботица, со автобуси кои сега ги чекаат да се регистрираат, ангажирани се и приватни возила, стигнуваат во Белград. Порано одеа за Унгарија, но информирани сме дека од Белград денеска продолжуваат накај Хрватска. Овие автобуси ги носат до пограничниот дел со Хрватска.
Ахмед Исени, волонтер во Прешево.

„Во Европа сме тргнати по многу нешта, прво да најдеме безбедно место, затоа што Европа е број е по хуманост, второ сакаме да најдеме светла иднина за нашите деца и трето да се спасиме од убиствата во нашата земја“, велат мигрантите и бегалците.

Луѓе кои бегаат од кризните подрачја на Табановце малку се задржуваат, земаат храна и вода, тоа што им го нудат волонтерите и продолжуваат понатаму, како што велат, до земја каде што ќе им дозволи да се чувствуваат слободно и безбедно. Велат дека се плашат од затворени граници во Европа.

„Хрватска, Словенија и Австрија, но никој не знае како.“

„Ќе продолжам да пешачам додека не најдам земја што ќе нè прифати. Сега ќе одам до Хрватска, па Словенија, затоа што Унгарија стана голем проблем за бегалците, ние ништо не бараме од нив само да ни дозволат да поминеме понатаму“, велат дел од мигрантите.

Прифатниот камп во близина на Табановце сè уште е во изградба и затоа е празен.

Во Прешево полицијата ги прифаќа мигрантите и ги препраќа во прифатниот камп каде што се врши нивна регистрација. При нашата посета попладнево забележавме стотици мигранти кои во долга колона чекаат ред за регистрација. Тие во Прешево пристигнале утрината откако пропешачиле два до три часа од Табановце низ селските ниви.

Волонтерите од Прешево, кои им делат храна пред пунктот за регистрација, велат дека денеска поделиле храна и вода за најмалку 500 луѓе.

„Оттука продолжуваат за Белград, Суботица, со автобуси кои сега ги чекаат да се регистрираат, ангажирани се и приватни возила, стигнуваат во Белград. Порано одеа за Унгарија, но информирани сме дека од Белград денеска продолжуваат накај Хрватска. Овие автобуси ги носат до пограничниот дел со Хрватска“, вели волонтерот во Прешево, Ахмед Исени.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG