Достапни линкови

Прва јавна проба на парадата во Москва


Прва јавна проба на парадата во Москва
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Прва јавна проба на парадата во Москва

На Црвениот плоштад во Москва синоќа се одржа првата јавна проба на парадата за Денот на победата 9 Мај. Парадата на која ќе учествуваат и војници од странски земји предизвика големи контроверзи во меѓународната јавност со оглед на руската улога во конфликтот во источна Украина.

Едночасовната проба на парадата во сеќавање на 70-годишнината од победата во Големата татковинска војна, како што во Русија се нарекува Втората светска војна за прв пат беше отворена за јавноста.

Иако без учество на воздухопловните сили, на пробата беа прикажани импозантни формации од различни земји и напредно оружје.

Свое деби имаа и новите руски тенкови Армата, а на пробата учествуваа и кинески војници кои предизвикаа внимание кај публиката.

Годинашната парада која е планирана за 9 мај се очекува да биде најголемата руска воена парада во историјата, но неа, како што досега е најавено, би требало да ја следат само 25 странски лидери.

Повеќето лидери иако најавија дека ќе допатуваат на одбележувањето на 70 годишнината од победата над нацистичка Германија, јасно ставија до знаење дека нема да ја следат и воената парада поради тензиите со Москва околу анексијата на украинскиот полуостров Крим и поради улогата на Русија во конфликтот во источна Украина.

Тоа е за половина помалку од бројот на лидерите кои присуствуваа на парадата во Москва по истиот повод одржана пред десет години.

Повеќето лидери, иако најавија дека ќе допатуваат на одбележувањето на 70-годишнината од победата над нацистичка Германија, јасно ставија до знаење дека нема да ја следат и воената парада поради тензиите со Москва околу анексијата на украинскиот полуостров Крим во март минатата година и поради улогата на Русија во конфликтот во источна Украина.

Тоа деновиве го изјави и германскиот канцелар Ангела Меркел, која оцени дека Германија не може едноставно да исцрта линија под нејзиното нацистичко минато и оти мора да остане сензитивна за штетите кои ги направила за Втората светска војна.

Иако претходно беше најавено присуството на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, тој, како што е соопштено во Москва, сепак решил да остане во Пјонгјанг.

„Неговата одлука е поврзана со внатрешни прашања во Северна Кореја“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков.

Посетата на Москва требаше да биде првата посета на Ким Џонг Ун во странство откако тој во 2011 година го наследи неговиот татко.

На парадата во Москва се очекува да учествуваат 16,5 илјади луѓе, скоро двесте воени орудија и 143 воени летала.

Ќе има 40 формации, вклучувајќи и десет формирани од над седумстотини војници од Кина, Индија, Монголија, Казахстан, Белорусија и Ерменија. Кинеската формација ќе биде најголема со над сто војници.

Деновиве официјален Пекинг соопшти дека Кина заедно со Русија кон средината на мај ќе одржи вежби на Медитеранот. Тоа се први заеднички воени вежби на двете земји во тој дел на светот.

Иако, Пекинг објасни дека овие вежби не биле насочени против други земји и оти нема врска со регионалната ситуација, сепак повеќето посматрачи сметаат дека тие се своевиден одговор на зацврстувањето на американката воена соработка со сојузниците во Азија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG