Достапни линкови

Власта во „бункер“


Седница на советот за безбедност
Седница на советот за безбедност

Институциите постапувале незаконски, неетички или неуставно, според „бомбите“ на опозицијата, но досега никој не презеде одговорност и не реагираше јавно.

Договорање за местење на судии по партиска припадност, разговори за одлуки на Јавно обвинителство, инсистирање на конкретни содржини во медиумите, кроење на администрацијата врз основа на партиската послушност. Ова можеше да се слушне од досега објавените телефонските разговори од претседателот на СДСМ Зоран Заев, за кои тој тврди дека се автентични.

Ова е многу сериозно и непостапувањето во ваквите случаи ги прави институциите, носителите на функции во тие институции, не само првите луѓе, парламентот исто така треба и самиот нешто да преземе, мора да преземат активности ако не сакаат да се сметаат дека се учесници во овие дејствија, односно во прикривање, затварање, заташкување на тие случаи.
Слаѓана Тасева, универзитетска професорка.

Но иако овие работи се незаконски, неетички или неуставни, засега јавно никој не реагира. За поднесената кривична пријава од СДСМ работите во Јавното обвинителство се во тек, па денеска на сослушување беше повикан и Заев, но јавно нема никаква реакција. Од институцијата чиј прв човек е Зврлевски последното соопштение поврзано со актуелностите е за случајот „Пуч“ и е објавено на 3 февруари, пред опозицијата да почне да ги објавува материјалите.

Според професорката Слаѓана Тасева досега се слушнало за повеќе активности за кои треба да се отворат постапки. Институциите, вели Тасева, се обврзани и со закон да го сторат тоа.

Поранешниот судија во Уставниот суд, професорот Бајрам Положани, вели дека во оваа фаза клучно е да реагираат еснафските здруженија, а потоа различни институции би можело да почнат постапки. „Зависно од која институција, каде, на пример Судскиот совет е една од институциите на која се одговорни носителите на редовните судови, после Собранието кога се во прашање носители од извршна власт“, вели Положани.
Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд.

„Ова е многу сериозно и непостапувањето во ваквите случаи ги прави институциите, носителите на функции во тие институции, не само првите луѓе, парламентот исто така треба и самиот нешто да преземе, мора да преземат активности ако не сакаат да се сметаат дека се учесници во овие дејствија, односно во прикривање, затварање, заташкување на тие случаи“, вели Тасева.

По објавувањето на т.н. втора бомба со која како што посочи Заев се покажува спрегата власт-правосудство, реагираше Здружението на судии, кое наведе дека е непримерно да се ставаат во позиција јавно да се бранат од притисоци и најавија дека ќе излезат во јавноста откако ќе ги сублимираат ставовите на членството.

Поранешниот судија во Уставниот суд, професорот Бајрам Положани, вели дека во оваа фаза клучно е да реагираат еснафските здруженија, а потоа различни институции би можело да почнат постапки.

„Зависно од која институција, каде, на пример Судскиот совет е една од институциите на која се одговорни носителите на редовните судови, после Собранието кога се во прашање носители од извршна власт“, вели Положани.

Во меѓувреме ги нема ниту политичарите. Премиерот Груевски инсистира на тоа дека тој кажал се што има за аферата Пуч, а претседателот Иванов се огласи само преку писмено соопштение. Министерката за внатрешни работи не кажа ништо поврзано со материјалите за кои СДСМ тврди дека се автентични, а портпаролот Иво Котевски на прашањата за прислушувањата, говори само од аспект на случајот Пуч во кој е осомничен Заев.

„Политичарите кај нас веќе подолго време имаат ваков став, кој, се што не им се допаѓа или не им е во прилог, а тоа можат да го прават затоа што ги контролираат институциите“, вели Тасева.

Трета „бомба“ на Заев: Случај Љубе Бошковски
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:36 0:00

И додека едниот дел од владината коалиција молчи, лидерот на ДУИ Али Ахмети испрати писмо до евро-комесарот за преговори за проширување, Јохнес Хан, во кое побара итно и директно вклучување на Брисел во надминувањето на, како што вели, загрижувачката ситуација во Македонија. Но вчера од Брисел стигна информацијата дека претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ја откажа најавената средба за во четврок со македонскиот премиер со објаснување дека поради развојот на ситуацијата постоела согласност дека не е добар момент оваа средба да се одржи сега.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG