Достапни линкови

Исчезнуваат ромските народни носии


Во обичаите за време на големите празници Василица и Ѓурѓовден, ромската традиција главно е задржана, меѓутоа додека свечената носија опстанува, секојдневната сосема е сменета.

Декадата на Ромите е во тек и додека едни од кумановските Роми велат дека се подобрува севкупната состојба на оваа етничка заедница, сепак не е мала бројката на семејства кои сè уште го практикуваат традиционалниот живот специфичен за нив.
Интересно е и тоа што жените Ромки своите шалвари ги креираат и ги именуваат по телевизиските серии кои се актуелни, на пример има шалвари „Шехерезад“ и слично.
Мартина Асановска, Национален ромски центар во Куманово.
Мартина Асановска, Национален ромски центар во Куманово.
Мартина Асановска, Национален ромски центар во Куманово.


Мартина Асановска во Национален ромски центар во Куманово е активист и сегашен асистент во проектот за „Ромското домување“. Таа вели дека ова здружение најповеќе се залага за образованието, здравството и домувањето на Ромите. Со помош на Владата биле ангажирани медијатори во образованието и здравството. Веќе три години се работи во областа на домувањето со оглед на тоа што Ромите главно живеат во дивоградби и во супстандардни средини како што во Куманово е дел од населбата Средорек и локалитетот Бавчи.
Помладите Ромки ја носат носијата, но модифицирана.
Милица Пешевска Николовска, етнолог во Музејот во Куманово.


„Работиме во пет општини во државава, едната од нив е и Куманово, поточно во населбата Средорек. Има луѓе од Средорек кои поднеле барање за легализација на нивните објекти, меѓутоа тоа се води како зелена површина и доколку се смени урбанистичкиот план тие ќе можат да ги добијат парцелите на нивно име“, вели Асановска.
Милица Пешевска Николовска, етнолог во Музејот во Куманово.
Милица Пешевска Николовска, етнолог во Музејот во Куманово.

Ромите се препознатливи по нивниот талент за музика и игра, но од пред повеќе децении познатата ромска облека исчезнува од нивното секојдневие.

„Пред неколку години ако било нешто посекојдневно и пообично, сега димиите се пошарени и посветкави, а интересно е што Ромите почнаа да прават шалвари по општините. На пример има тетовски шалвари. Меѓутоа интересно е и тоа што жените Ромки своите шалвари ги креираат и ги именуваат по телевизиските серии кои се актуелни, на пример има шалвари „Шехерезад“ и слично“, вели Асановска.

Милица Пешевска Николовска, етнолог во Музејот во Куманово, последната деценија се занимава со обичаите, духовната и материјалната култура на Ромите, особено на оние од Куманово. Таа забележува дека во духовната култура, пред сè во обичаите за време на нивните големи празници Василица и Ѓурѓовден, главно традицијата е задржана. Меѓутоа, додека свечената носија опстанува, секојдневната сосема е сменета, освен кај повозрасните Ромки. Тие од 30-те до 70-те години од минатиот век носеле марама, фута и димии во домаќинството, а потоа е исфрлено од употреба. Според Пешевска Николовска, задржаната свечена носија е малку модифицирана.

„Делот на облеката на футата (скутина), марамата и на димиите се задржува кога одат на свадби и на сунети. Тоа е кога во оро играат постарите Ромки, ако се тоа свекрвите, бабите, со марама и со цвет во косата. Помладите Ромки ја носат носијата, но модифицирана“, вели таа.

Пешевска Николовска додава дека младите и тоа поголемиот дел на свеченостите носат тип на пантолони.

„Не се собираат на учкур туку на појаси, или на ластици, нафалтувани се. Сè уште се тип на шалвари, но поинакви. Преовладува срмата, порано имало на елечиња, апликации на нозе, на самата носија, косите веќе не им се во пунџи. Младите Ромки почнуваат и тој дел да го избегнуваат, сè помалку се носат шалвари или димии, освен родителите ако ги натераат“, вели Пешевска Николовска.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG