Достапни линкови

Вечер на француски мелодии во Скопје


Концерт на пејачката Елена Ангеловска и пијанистката Марија Ѓошевска.
Концерт на пејачката Елена Ангеловска и пијанистката Марија Ѓошевска.

„Вечер на француски мелодии“ е насловен рециталот на мецосопранистката Елена Ангеловска и пијанистката Марија Ѓошевска што е планирано да се одржи на 24 септември, од 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје. На програмата се дела од Сати, Орик, Русел и Пуланк.

Сакам да направам свој приватен театар во рамките на рециталот што треба да го одржиме заедно со пијанистката Марија Ѓошевска.
Кога човек оди на концерт, според мене, лимитирано е доживувањето кое што го има додека ја следи изведбата и јас затоа сакам да одам чекор понатаму. Од 2005 година на некој начин започнав со ова што ќе го претставам на рециталот во КИЦ. Тоа е некој вид перформанс. Тогаш почнав да настапувам со видео-бимови, а во 2009 имав еден проект „Ламенто“ во кој дебитирав и како пејач-танчер. Имав идеја сето тоа да се развива и да прерасне во комплетна театарска претстава во која ќе беа вклучени и професионални балерини и актери кои немаше само да говорат текст и каде како режисер ја планирав Ѕвездана Ангеловска, но за жал тој проект од разно-разни причини не помина во МКЦ, иако таму развиваат таков тип на театар.
Елена Ангеловска, мецосопранистка.

Ова се првите зборови од разговорот со мецосопранистката Елена Ангеловска во пресрет на претстојната „Вечер на француски мелодии“ што треба да се случи овој вторник во Салон 19,19, во Културно-информативниот центар во Скопје.

Певицата дополнува дека за таа цел веќе обезбедила костими за обете од фундусот на Операта и дека ќе инсистира сцената да биде осветлена со театарско светло. Вели дека на тој начин ќе ја продолжи својата заложба нејзините настапи да бидат вистински перформанси кои на публиката ќе и понудат посебно доживување.
Македонскиот музички бенд Келтикум.
Македонскиот музички бенд Келтикум.

„Кога човек оди на концерт, според мене, лимитирано е доживувањето кое што го има додека ја следи изведбата и јас затоа сакам да одам чекор понатаму. Од 2005 година на некој начин започнав со ова што ќе го претставам на рециталот во КИЦ. Тоа е некој вид перформанс. Тогаш почнав да настапувам со видео-бимови, а во 2009 имав еден проект „Ламенто“ во кој дебитирав и како пејач-танчер. Имав идеја сето тоа да се развива и да прерасне во комплетна театарска претстава во која ќе беа вклучени и професионални балерини и актери кои немаше само да говорат текст и каде како режисер ја планирав Ѕвездана Ангеловска, но за жал тој проект од разно-разни причини не помина во МКЦ, иако таму развиваат таков тип на театар“, вели Ангеловска.
После овој мој концерт следува моментот на снимање на компакт-диск на сефардска музика. Тоа е пријавено како проект и сега дали ќе го прифати Музејот на холокаустот сè уште немаме одговор, но се надеваме дека до крајот на септември и тоа ќе се случи за да знаеме што треба да правиме затоа што веќе имаме снимени некои материјали со Ален Хаџистефанов од радио „Џез ФМ“.
Елена Ангеловска, мецосопранистка.

Родена во Париз, Елена Ангеловска средно музичко образование по соло пеење завршила во Скопје. Во периодот 1989 – 1995 година студирала на два конзерваториума во француската метропола и во музичката институција за високо образование „Екол Нормал“, а потем специјализирала стара музика со акцент на барокната. Учесник е на бројни семинари по соло пеење во Македонија, Франција и Австрија на кои ги продлабочува своите знаења, не само за барокната музика, туку и за моцартовото пеење, француската мелодија и германскиот лид.

Цела една декада Ангеловска имаше статус на слободен уметник, а од 2007 година е вработена во Македонската опера и балет.

Таа досега има реализирано бројни рецитали и концерти со помали и поголеми оркестри изведувајќи програма од периодот на ренесансата до музиката на 20 век, а во 1996 година го формира квартетот „Келтикум“ со кој настапува и денес на фестивалите и на другите културни манифестации во земјава.
Летово, реобновениот „Келтикум“ одржа три успешни концерта на сефардска музика од кои за оној во Битола критиката забележа дека е „меѓу петте најзначајни на тамошната отворена културна манифестација“, а Елена забележува дека следниот нивни исчекор ќе биде влегувањето во студио за да се заокружат материјалите за планираниот албум.

„После овој мој концерт следува моментот на снимање на компакт-диск на сефардска музика. Тоа е пријавено како проект и сега дали ќе го прифати Музејот на холокаустот сè уште немаме одговор, но се надеваме дека до крајот на септември и тоа ќе се случи за да знаеме што треба да правиме затоа што веќе имаме снимени некои материјали со Ален Хаџистефанов од радио „Џез ФМ“, вели пејачката.

Од друга страна, Марија Ѓошевска е една од најистакнатите и најактивни пијанистки во Република Македонија. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професор Борис Романов и за своите изведби добитник е на повеќе награди на државни и меѓународни натпревари. Како солист и камерен музичар досега реализирала бројни настапи во земјава, во Европа и низ светот. Ѓошевска е вонреден професор на катедрата по пијано на ФМУ, а ова ѝ е прва соработка со колоратурната мецосопранистка Елена Ангеловска.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG