Достапни линкови

Проблемите со откупот на пченицата под килим


Илустрација.
Илустрација.

Земјоделците од пелагонискиот крај се жалат дека пченицата и остана неоткупена и побараа од Владата да организира интервентен откуп на преостанатите количини за државните резерви, а само пред една недела министерот за земјоделство изјави дека речиси цела пченица е откупена.

Турбулентниот пазар на пченицата и брашното, проблемите со откуп и со условениот увоз од Србија, го наметнаа прашањето дали во земјоделството се работи со стратегија и како таа се менаџира. Земјоделците од пелагонискиот крај се жалат дека пченицата и остана неоткупена и побараа од Владата да организира интервентен откуп на преостанатите количини за државните резерви, а само пред една недела министерот за земјоделство изјави дека речиси цела пченица е откупена. Во меѓувреме мелничарите бараат преиспитување на одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на брашно.
Од година во година, Македонија ќе има сè помалку пченица која ќе се понуди како слободна на пазарот во Република Македонија. Прво, многу малку површините ќе почнат да се сеат со житни култури. Ќе станеме, не со 30 отсто, туку со 60 и повеќе проценти увозници и зависници од увозна пченица и увозно брашно, односно до производи кои не се од домашно производство.
Илија Каров, универзитетски професор.

Професор Илија Каров од Земјоделскиот факултет вели дека во оваа ситуација профит прават само производителите на брашно и пекарите, додека земјоделците се оштетени. Тој додава дека доколку продолжи политиката на млинарите со која тие ја симнуваат цената и не ја откупуваат домашна пченица чекајќи поевтина од Србија, ќе настанат долгорочни последици на македонскиот пазар.

„Од година во година, Македонија ќе има сè помалку пченица која ќе се понуди како слободна на пазарот во Република Македонија. Прво, многу малку површините ќе почнат да се сеат со житни култури. Ќе станеме, не со 30 отсто, туку со 60 и повеќе проценти увозници и зависници од увозна пченица и увозно брашно, односно до производи кои не се од домашно производство“, вели Каров.
Потребна е детална анализа на почвата, биланс строг, се знае, колку има почвата, колку ќе додадете и колку очекувате да добиете од таа почва. Кај нас знаете сè тоа се прави отприлика, се прави од око, кај нас ѓубре се става од око, се полева од око. Ние треба на тоа да поработиме, да овозможиме висока технологија, тоа е долгорочен процес, треба убедување и едукација, на земјоделците им треба окрупнување, треба да се здружуваат за да бидат поконкурентни на пазарот.
Борис Анакиев, универзитетски професор.

Нерегулираниот откуп е проблемот којшто ги мачи земјоделците со години. Слични проблеми имаа производителите на грозје и тутун, но тоа не е до Владата, таа има обврска да ги обедини и да понуди решение, објаснува Каров.

„Проблемот е кај тие што сакаат за година до две да направат профит на сметка на прозводителот, тоа не е само до Владата, таа има обврска да ги обедини и да понуди решение, а откупувачите и производителите да седнат и да сфатат дека мора приоритет да им е домашното производство затоа што тоа не е поскапо. За домашното производство не им треба кредит, не им треба камата, а тие и без друго кога ќе ја купат пченицата или оризот по 6 месеци не ја плаќаат. А ако ја увезат, затоа што било поевтино, ама тој мора да отвори акредитив или да земе кредит од банката и ќе мора наеднаш да го плати увозното производство кое е оптоварено со транспорт и многу давачки“, вели Каров.

Од друга страна, професорот во пензија Борис Анакиев вели дека македонската пченица не е конкурентна затоа што нема квалитетна аграрна стратегија, а нема ни висока технологија ни едукација на земјоделците.

„Потребна е детална анализа на почвата, биланс строг, се знае, колку има почвата, колку ќе додадете и колку очекувате да добиете од таа почва. Кај нас знаете сè тоа се прави отприлика, се прави од око, кај нас ѓубре се става од око, се полева од око. Ние треба на тоа да поработиме, да овозможиме висока технологија, тоа е долгорочен процес, треба убедување и едукација, на земјоделците им треба окрупнување, треба да се здружуваат за да бидат поконкурентни на пазарот“, вели тој.

Анакиев смета дека со административни владини мерки се прави штета на слободниот пазар затоа што се штитат неконкурентни призводители.
Тој додава дека во земјава никој не се грижи за истражување и за испитување на нови сорти, а нема ни квалитетни анализи за моменталните ситуации, нема критички осврт за работата на Министертвото за земјоделство, а тоа не ни оди во прилог. Анакиев предупредува дека приносот на пченица во земјава не се зголемил речиси 30 години, а површините каде се одгледува жито од година во година се намалуваат. Од 120 илјади хектари пред десттина години, во моментов располагаме со 80 илјади хектари.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG