Достапни линкови

Земјоделство - Многу пари, малку резултати


Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија, 2012.
Премиерот Никола Груевски на жетва во Пелагонија, 2012.

Секоја година расте помошта од државата за земјоделците, но нема анализа како се одразуваат тие пари и зошто и покрај се нема соодветни резултати.

За 20 години во Македонија драстично е намалено обработливото земјоделско земјиште, се намалува производството на некои од главните земјоделски култури, а сè повеќе се зголемува увозот на храна. Секоја година расте помошта од државата за земјоделците, но нема анализа како се одразуваат тие пари и зошто и покрај се нема соодветни резултати. Недостасува дебата на тема земјоделство во земјава, вели професор Борис Анакиев од Земјоделскиот факултет во неделното интервју на Радио Слободна Европа и додава дека земјоделските политики ги креираат некомпетентни луѓе.
Ако вие сте планирале со пченица да учествуваат 50 илјади земјоделци, но не се јавиле 50 илјади, туку 30 илјади, а вие сте планирале средства за 50 илјади, дефинитивната исплата не е позната. Малку ми е тука незгодно да тврдам дека тоа не се поклопува. Има оправдани причини да не се поклопува. Зошто нема соодветни резултати на планираната финансиска подршка, на висината на планираните средства не е јасно затоа што и нема опстојни анализи, нема анализи на база на кои се планираат средствата.
Борис Анакиев, професор вопензија од Земјоделскиот факултет.

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2011-2015 на тема земјоделство тие ќе напишат дека и понатаму ќе бидат „земјоделско-селска влада“ и ќе продолжат со зголемувањето на финансиската подршка за аграрот и руралниот развој. Во нивниот манифест за реформи и развој наведуваат дека планираат да дадат 670 милиони евра субвенции за периодот 2011-2015. За оваа година предвидуваат финансиска помош од 135 милиони евра за земјоделците.

Професор Борис Анакиев вели дека за жал се знаат само планираните средства по години, но никаде не може да се сретне колку навистина е исплатено.
Борис Анакиев, пензиониран професор од Земјоделскиот факултет во Скопје.
Борис Анакиев, пензиониран професор од Земјоделскиот факултет во Скопје.

„Ако вие сте планирале со пченица да учествуваат 50 илјади земјоделци, но не се јавиле 50 илјади, туку 30 илјади, а вие сте планирале средства за 50 илјади, дефинитивната исплата не е позната. Малку ми е тука незгодно да тврдам дека тоа не се поклопува. Има оправдани причини да не се поклопува. Зошто нема соодветни резултати на планираната финансиска подршка, на висината на планираните средства не е јасно затоа што и нема опстојни анализи, нема анализи на база на кои се планираат средствата.

Во споредба со пред 10 години во земјава има 20 отсто помалку посеви со пченица, 15 отсто помалку јачмен, 10 отсто помалку домат, има помалку посеви со тутун. Слична е и состојбата и во сточарството. И покрај милионските субвенции, статистиката покажува
За свињарството имате 1000 денари субвенции. За да добијам субвенции мора да ги колам свињите во кланица, морам да имам потврда од кланицата. Колењето и пасошот ме чинат 1000 денари кои јас мора денеска да ги платам, а чекам година до година ипол да земам субвенции, да си ги вратам тие пари што сум ги дал за колење.
Ефтим Шаклев, Асоцијација на земјоделци.
дека во изминатите 10 години има помалку говеда, речиси двојно помалку овци, помалку свињи и сериозно помалку живина. А за 20 години драстично се намалило обработливото земјиште. Само минатата година, дефицитот од трговија со храна и живи животни е 340 милиони долари.

Во Македонија згаснува науката за земјоделство, се намалува бројот на земјоделски институти, а институциите не ги фермаат стручњаците, додава Анакиев.

„Сето ова што ние го зборуваме се работи на база на статистички податоци, на оцени, на паушални оцени. За жал Министерството за земјоделство нема критички остврт, има фалби и таму кадешто нема потреба, а мислам дека тоа не ни оди во прилог.

Да не се субвенциите земјоделците ќе се откажат од производство, вели Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци.

„Субвенциите за пченицата покриваат речиси една третина од трошоците. Сите ги чекаат субвенциите за пак да го отпочнат производството, а не е тоа некој супер екстра ќар или било што.“

Тој чува свињи и го раскажува својот пример за субвенции во свињарството.

„За свињарството имате 1000 денари субвенции. За да добијам субвенции мора да ги колам свињите во кланица, морам да имам потврда од кланицата. Колењето и пасошот ме чинат 1000 денари кои јас мора денеска да ги платам, а чекам година до година ипол да земам субвенции, да си ги вратам тие пари што сум ги дал за колење.“

Шаклев вели дека земјоделците имаат многу малку влијание врз крајните резултати, тука има и други фактори како климатските промени и пазарната економија. Тој додава дека тешко оди еден земјоделец да се преориентира кон друга гранка доколку се увиде дека првата е нерентабилна и неконкурентна. Тешко е да си земјоделец, вели Шаклев, но поарно е тоа отколку да чекаме пари од социјално.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG