Достапни линкови

Пченицата неоткупена, увозот неизвесен


Домашната пченица чека во амбарите, коментираат земјоделците и се жалат на ниската откупна цена. Во меѓувреме српската владата порача дека очекува од македонските власти да ја повлечат одлуката за условениот увоз на пченица од земјата и засега не презема никакви мерки.

Амбарите полни, пченицата стои неоткупена, а цените се пониски од очекуваното. Тоа е реалноста со која се соочуваме, велат земјоделците, а причината е условениот увоз од Србија. Министерството за земјоделство соопшти дека досега се откупени 82 проценти од пченицата и апелира да се забрза откупот. Во меѓувреме српската владата порача дека очекува од македонските власти да ја повлечат одлуката за условениот увоз на пченица од земјата и засега не презема никакви мерки.
Не е откупено ништо. Откупено е на некои земјоделци кои не се регистрирани и кои имаат по еден тон или два. Тие се сиромашни и не можат да купат ни леб и пченицата да оди и по три или пет денари ќе ја продадат, бидејќи должат пари. Инаку на поголемите производители во прилепско и битолско пченицата дома им седи.
Тоде Лазаревски, земјоделец од прилепско.

Земјоделецот од прилепско Тоде Лазаревски вели дека пченицата им стои во амбарите, а мелничарите веќе ја откупиле потребната количина по ниски цени.

„Не е откупено ништо. Откупено е на некои земјоделци кои не се регистрирани и кои имаат по еден тон или два. Тие се сиромашни и не можат да купат ни леб и пченицата да оди и по три или пет денари ќе ја продадат, бидејќи должат пари. Инаку на поголемите производители во прилепско и битолско пченицата дома им седи.“

И претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров вели дека откупот е катастрофален, а причината е проблемот со Србија.
Тоа го направија нашите мелничари кои под закрила на тоа дека брзо ќе се поништи одлуката на владата за врзување на откупот со увозот на пченица и брашно од Србија и ќе можат да купат евтино лебно жито од другите земји предизвика намалување на интензитетот на откупот.
Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци.

„Тоа го направија нашите мелничари кои под закрила на тоа дека брзо ќе се поништи одлуката на владата за врзување на откупот со увозот на пченица и брашно од Србија и ќе можат да купат евтино лебно жито од другите земји предизвика намалување на интензитетот на откупот“.

Според Лазаревски максималната цена на килограм пченица е 11 денари, а не 13 или 14 и вели дека немаат решение и стравуваат дека нема да го продадат овогодинешниот принос.

„Причината е неконтролираниот увоз пред жетвата, при што се внесоа околу 170 илјади тони. Тоа што се кажува двојно има повеќе увезено преку нелегални премини во Косово. Има брашно и пченица за цела година без воопшто да се откупи нашата. Мерката на владата која беше да се откупува четири килограм пченица, а да се увезува само еден мислам дека е ослободена“.

И Тантаров вели дека мелничарите не ја почитуваат договорената цена и повеќе работат во корист на српските земјоделци.

„Она што сега се коментира за тоа дека Србите ќе воведат забрана за увоз на домати, пиперки краставица и вино и дека нашата владата ќе мора да ја укине одлуката за условен увоз ние сметаме дека тоа се само шпекулации“.

Тантаров порачува дека тие добиле гаранција од ресорното министерство дека условениот увоз ќе трае до 1 јануари во наредната година.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG