Достапни линкови

Британија го слави раѓањето на новиот член во кралското семејство


Објавувањето на раѓањето на новиот член во кралското семејство
Британија слави и е во очекување за прв пат да го види новородениот син на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт. Бебето се роди вчера во 16 часот и 20 минути и тежи 3,8 килограми. Принцот Вилијам и неговиот татко Чарлс изјавија дека не може да бидат посреќни.
Премиерот Дејвид Камерон порача дека приновата е важен момент за Британија. Бебето е третиот престолонаследник на круната по принцовите Чарлс и Вилијам.
XS
SM
MD
LG