Достапни линкови

Иванов на прославата за влез на Хрватска во ЕУ


Претседателот Ѓорге Иванов.
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во Загреб, каде ќе присуствува на прославата по повод пристапувањето на Хрватска кон Европската унија. Централната прослава ќе се одржи вечерва на плоштадот „Бан Јелачиќ“, каде ќе се обратат претседателот Иво Јосиповиќ и премиерот Зоран Милановиќ. Утре Иванов ќе учествува на работниот појадок, што за шефовите на делегациите го приредува Јосиповиќ.
XS
SM
MD
LG