Достапни линкови

Филе - На земјите кандидати им ја нудиме ЕУ


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе смета дека Европската унија е најважниот проект во европската историја. „Тоа е она што можеме да им го понудиме на земјите кои сакаат да станат членки на Унијата“, вели Филе, во интервјуто за Радио Слободна Европа во кое конкретно се осврнува врз она што земјите во регионот треба да го сработат на патот до Европа.

Ние си имаме наши проблеми, но ги решаваме, вели во интервјуто со Дејзи Синделар за Радио Слободна Европа еврокомесарот за проширување Штефан Филе во врска со тоа што Брисел може да им понуди на земјите кандидати за членки на Европската унија со оглед на нејзините сегашни финансиски и политички проблеми.
Ние сме далеку од расформирање на оваа Унија. Всушност ние одиме токму во спротивна насока. И мислам дека ние можеме да им го понудиме она што им го нудевме и во сите овие години: еден од најважните, најуспешните и најмирољубиви проекти во европската историја.

„Ние сме далеку од расформирање на оваа Унија. Всушност ние одиме токму во спротивна насока. И мислам дека ние можеме да им го понудиме она што им го нудевме и во сите овие години: еден од најважните, најуспешните и најмирољубиви проекти во европската историја.“

Филе додава дека Европската унија нуди поврзување низ заедничка правна рамка со што, како што вели, се елиминира создавање сојузи меѓу државите и народите во одредени региони.

Според него, Европската унија поставува демократски вредности и принципи како најцврста основа за развој на целиот Континент и притоа настојува да не исклучи ниту една земја која исто така им е посветена на тие вредности и принципи.

Еврокомесарот Филе во врска со шансите на Македонија да ги почне преговорите со Брисел во јуни, како што веќе објавивме, изрази загриженост за неспроведувањето на договорот од први март и за силата на демократските институции во земјата, но и надеж дека за овој краток период ќе има напредок во врска со решавањето на спорот со Грција.

„Јас многу се надевам дека актуелниот предлог на господин Нимиц, кој е претставник на генералниот секретар на ОН во процесот кој го води Светската органзиација, ќе донесе некакви резултати во овој краток период.“

Еврокомесарот Филе за улогата на Брисел во спроведувањето на спогодбата за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово изјави:

„Сега нашата улога е да им помогнеме на страните да излезат со план за имплементација, со еден вид скица за тоа како да го испорачаат договорот од 19 април. Тој план е екстремно важен и за Белград и за Приштина.“

Штефан Филе посебни критики упати против политичарите во Босна и Херцеговина кои, како што вели, се уште не можат да илезат од времето на Дејтон.

„Босна и Херцеговина, политичарите таму, е неопходно да излезат од нивните тесни политички интереси и да сфатат дека мора да излезат од времето на Дејтон и да застанат на патот на европското проширување.“

Филе прецизира дека Босна се наоѓа во клучна фаза и оти тамошните политичари треба да ги спроведат уставните реформи, пред се оние со кои ќе се елиминира забраната за етничките малцинства, како ромите и евреите, да учествуваат на избори.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG