Достапни линкови

Филе се надева на успех на предлогот на Нимиц


Се надевам дека предлогот на Нимиц ќе даде резултат, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе во интервју за Радио Слободна Европа, во кое изразува разочараност од сè уште невоспоставената Комисија за настаните од 24 декември. Добивањето датум за преговори зависи од Скопје, порача Филе.

Сега од Македонија зависи дали на самитот на ЕУ во јуни ќе добие датум за преговори за членство во Унијата. Ова во денешното интервју со Дејзи Синделар за Радио Слободна Европа го изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

„Ние направивме сè за да ги подржиме овие процеси“, рече Филе во интервју за Радио Слободна Европа во Прага.

Ние дојдовме со идејата за Дијалог на високо ниво, кој почна минататата година и кој донесе добри резултати со учество на премиерот и владата во реформскиот процес, бидејки земјата се врати на европската агенда .
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:52 0:00
Директен линк

Клучен елемент е Комисијата која треба да го истражи настанот. И кога тоа сè уште го нема јас се прашувам себе си што тоа говори за силата на демократските институции во таа земја.
Но, како што вели Филе, во исто време се случи оној несреќен инцидент на 24 декември, при што ЕУ пак реагираше и помогна за излез од политичкиот ќорсокак. Помогнавме на 1 март да се најде излез од политичкиот ќорсокак со постигнување на договор меѓу партиите, изјави Филе.

„Јас сум пред сè загрижен што овој договор сè уште не е целосно имплементиран. Клучен елемент е Комисијата која треба да го истражи настанот. И кога тоа сè уште го нема јас се прашувам себе си што тоа говори за силата на демократските институции во таа земја.“
Јас многу се надевам дека актуелниот предлог на господин Нимиц ќе донесе некакви резултати во овој краток период.

Во врска со македонско–грчките преговори, можниот напредок во добрососедските односи и добивањето датум за преговори, еврокомесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе изјави дека истовремено се гледа интензивирање на процесот на решавањето на прашањето за името на земјата.

„Јас многу се надевам дека актуелниот предлог на господин Нимиц, кој е претставник на генералниот секретар на ОН во процесот кој го води Светската органзиација, ќе донесе некакви резултати во овој краток период.“

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе во денешното интервју за Радио Слободна Европа порача дека сите елементи, меѓу кои и односите со Бугарија, можат да придонесат за позитивна одлука на самитот на ЕУ во јуни, но, како што рече, топката била во Скопје.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG