Достапни линкови

Голема загаденост на делови од Охридското Езеро


Охридско Езеро.
Охридско Езеро.

Водата на Охридското Езеро на неколку локации и тоа кај населбата Грашница и кај пумпната станица на Колекторскиот систем за заштита на езерото кај селото Подмоље е од низок квалитет и е од 4 и 5 категорија.

Водата на Охридското Езеро на неколку локации и тоа кај населбата Грашница и кај пумпната станица на Колекторскиот систем за заштита на езерото кај селото Подмоље е од низок квалитет и е од 4 и 5 категорија, покажале последните испитувања на Центарот за јавно здравје од Охрид. На лице место е констатирано излевање отпадни, фекални води од колекторскиот систем директно во езерото предизвикано од високиот водостој и обилните врнежи во изминатиот период.
Констатирано е дека на овој источен дел кај Метропол и кај Ројал нема поголеми отстапувања во квалитетот на водата. Водата е од прва и втора класа, но во делот кај Грашница и кај Подмоље, квалитетот на водата во Охридското Езеро во крајбрежниот дел е со 4-та и 5-та класа. Пронајдени се и констатирани поголеми количества на амонијак и нитрити во крајбрежниот дел и на едното и на другото место.
Сашо Точков, Охридски центар за јавно здравје.

Сашо Точков од Охридскиот центар за јавно здравје рече дека со стабилизирање на хидролошката ситуација, а со тоа и намалување на фекалните и отпадни води ќе дојде до подобрување и на квалитетот на водата во езерото.

„Констатирано е дека на овој источен дел кај Метропол и кај Ројал нема поголеми отстапувања во квалитетот на водата. Водата е од прва и втора класа, но во делот кај Грашница и кај Подмоље, квалитетот на водата во Охридското Езеро во крајбрежниот дел е со 4-та и 5-та класа. Пронајдени се и констатирани поголеми количества на амонијак и нитрити во крајбрежниот дел и на едното и на другото место“, вели Точков.
Од страна на Водостопанство Охридско Езеро и ЕЛЕМ се преземени два чекори. Тоа се преградите на реката Сатеска во селото Волино се подигнати за 50м со што 20 метри кубни вода во секунда преку старото корито на Сатеска се влеваат во Црни Дрим. И ЕЛЕМ дополнително испушта засилено количество вода преку Црни Дрим.
Митко Темелковски, Центар за управување со кризи од Охрид.

Мате Гогоски од Еколошкото друштво Енхалон од Струга вели дека големите количества на дожд, а со тоа и на фекални и отпадни води кои се влеваат во Охридското Езеро и Црни Дрим ќе влијаат негативно и врз био-диверзитетот.

„Негативно, не може позитивно да влијае затоа што со самите води што се надојдени донесени се и несреќи со водата, а тоа се оние токсични материи од разни хемикалии што се наоѓаат и што ги испуштаме ние и соседите. И тие сега излегуваат на површината од една страна. Од друга страна био-диверзитетот на езерото си има една хармонија на живеење, а сега му е пореметен начинот на живеење и хармонијата ја нема во езерото“, вели Гогоски.

Митко Темелковски од Центарот за управување со кризи од Охрид вели дека се превземаат сериозни мерки за растеретување на езерото, а со тоа и подобрување на општата состојба на терен.

„Од страна на Водостопанство Охридско Езеро и ЕЛЕМ се преземени два чекори. Тоа се преградите на реката Сатеска во селото Волино се подигнати за 50м со што 20 метри кубни вода во секунда преку старото корито на Сатеска се влеваат во Црни Дрим. И ЕЛЕМ дополнително испушта засилено количество вода преку Црни Дрим, а тоа се некаде 80 метри кубни вода во секунда“, вели Темелковски.

Од Охридскиот центар за јавно здравје извршиле испитување на квалитетот на водата и од градските водоводи во Охрид и во Струга и од селските чешми. Забележале аномалии како заматување на водата, но оти сите микробиолошки и хемиски параметри покажале дека водата е безбедна и квалитетна за пиење.
XS
SM
MD
LG