Достапни линкови

Поплави во охридско


Најкритично е кај населбата Канео, каде десетина куќи се во опасност да се поплават од надојдената езерска вода и високите бранови кои ги предизвикува ветерот.

Реките во охридско почнаа да се излеваат и да им создаваат главоболки на жителите од овој крај. Обилните врнежи на дожд што го зафатија Охрид деновиве го зголемија нивото на Охридското Езеро за повеќе од 20 сантиметри од максимално дозволената кота од 693,75 метри надморска височина. Зголемување на нивото бележи и реката Грашница која поминува низ неколку охридски населби и која се заканува со излевање од своето корито.
Вода доаѓа од секаде. Се ставаа вреќи полни со песок и се правеа насипи за да не се дозволи поголемо излевање на реките. Цело село е мобилизирано и сите бевме надвор во текот на ноќта. Ситуацијата станува вонредна бидејќи вода доаѓа речиси од сите страни. Бавчите се полни со вода. Се излеани целосно коритата на овие реки.
Анѓелина Целеска, жител на селото Долно Средоречје.

Најкритично е кај населбата Канео, каде десетина куќи се во опасност да се поплават од надојдената езерска вода и високите бранови кои ги предизвикува ветерот. Надојдените реки и во Дебарца прават проблеми за жителите од неколку села во овој регион. Реките Голема Река и Горно Средоречка Река целосно се излеале од своите корита и почнале да поплавуваат куќи, дворови, ниви.

Анѓелина Целеска, жител на селото Долно Средоречје, вели дека целото месно население се мобилизирало и оти е потребна најитна помош од локалните и централните власти.
Доставивме барање до кризниот штаб во Струга со целосно образложение на состојбата на колекторскиот систем каде што во моментов ни се јавува еден проблем да нивото на Дримот со преголемото испуштање на водата од Охридското Езеро се зголеми нивото на водата во Црни Дрим. Со тоа ги поплави цевките каде што се испушта пречистената вода од колекторот во реката Црни Дрим.
Златко Старкоски, директор на МЈП Проаква.

„Вода доаѓа од секаде. Се ставаа вреќи полни со песок и се правеа насипи за да не се дозволи поголемо излевање на реките. Цело село е мобилизирано и сите бевме надвор во текот на ноќта. Ситуацијата станува вонредна бидејќи вода доаѓа речиси од сите страни. Бавчите се полни со вода. Се излеани целосно коритата на овие реки“, рече Целеска.

Поради неможноста да го издржи високиот водостој на Охридското Езеро се излеа и колекторот на неколку места, особено кај населбите Далјан и Подмоље. Директорот на МЈП Проаква Златко Старкоски вели дека ја следат состојбата на терен и оти се преземаат неопходните мерки иако состојбата била критична.

„Доставивме барање до кризниот штаб во Струга со целосно образложение на состојбата на колекторскиот систем каде што во моментов ни се јавува еден проблем да нивото на Дримот со преголемото испуштање на водата од Охридското Езеро се зголеми нивото на водата во Црни Дрим. Со тоа ги поплави цевките каде што се испушта пречистената вода од колекторот во реката Црни Дрим“, вели Старкоски.

Со слични проблеми се соочуваат и жителите на Пештани, каде покрај поплавени подрумски простории оштетен е и патот кон оваа населба, а откорнати се и неколку дрвја.

„Ова е нормално, но и е не нормално. Надлежните треба да си преземат мерки. Траба да се изгради уште една централа барем да имаме корист од вишокот на вода и да имаме електрична енергија. Секогаш првите куќи биле на 100 метри од езерото, сега се прават плажи, куќи го заземаат базенот на езерото и езерото си го враќа своето“, вели охриѓанец.

„Во Пештани си направија подруми, а не гледаат дека езерото расти и се спушта. Или овде покрај брегот. Кој им е крив што водата им навлезе во дворовите“, вели друг жител на Охрид.
XS
SM
MD
LG