Достапни линкови

Мирни избори со забележани нерегуларности


Мала излезност и неколку нерегуларности го одбележаа вториот изборен круг од локалните избори. Најмногу проблеми се евидентирани во избирачките места во општините Струмица, Кочани и Радолишта. Вториот круг се одржува во 29 општини и во Градот Скопје, а во три избирачки места во Струмица и во едно во општина Долнени се прегласува првиот изборен круг.

Дождот ги поколеба граѓаните, па излезноста во вториот изборен круг од локалните избори изнесува околу 46,75 проценти, според податоците на Државната изборна комисија. Во Скопје за избор на градоначалник гласале 37,43 насто, односно 162. 385 граѓани. Најголема е излезноста во Лозово каде гласале 78,57 отсто од гласачите, а најмала во Сарај каде гласале 13, 35 отсто.
Само на неколку избирачки места, поради помали проблеми, дојде до прекин на гласањето кое подоцна продолжи. Најкарактеристичен е случајот во Струмица, каде во основното училиште „Маршал Тито“. Според пријавата на гласачкото место 1734, 29-годишно лице од Струмица го скршило капакот од гласачката кутија.
Иво Котевски, портпарол на МВР.

Во меѓувреме пристигнуваа извештаи за бројни неправилности од невладините организации кои го мониторираат изборниот процес, додека пак надлежните институции истите ги опишуваат како помали инциденти. Според Министерството за внатрешни работи, изборниот ден мина во мирна, фер и демократска атмосфера. Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека не е регистриран ниту еден посериозен инцидент, ниту, пак, до МВР се пристигнати пријави за какво било поголемо нарушување на избирачкиот процес.

„Само на неколку избирачки места, поради помали проблеми, дојде до прекин на гласањето кое подоцна продолжи. Најкарактеристичен е случајот во Струмица, каде во основното училиште „Маршал Тито“ гласањето е прекинато во 09:18 часот. Според пријавата на гласачкото место 1734, 29-годишно лице од Струмица го скршило капакот од гласачката кутија. Лицето веднаш е приведено во Полициската станица во Струмица за натамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во текот на денешниот ден кривична пријава поврзана со изборите е поднесена и против 49-годишно лице од Кочани, осомничено дека сторил кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“, вели портпаролот на МВР Иво Котевски.

Инаку, претпладнево во близина на едно избирачко место во Струмица е пукано со пиштол во воздух од автомобил во движење.
Релативно мирно гласањето во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00
Покрај Струмица, проблематична општина беше и општината Кочани каде што на 5 избирачки места беше прекинато гласањето поради недостаток на гласачки ливчиња според избирачкиот список. Камерата на телевизијата Телма забележа и расправија меѓу членовите на избирачки одбор поради семејно гласање на гласачите кои велат дека се неписмени.

„Има телевизија, повелете кажете како се гласа, дека гласаат неписмени и други гласаат за нив, повелете кажете го тоа“, вели едниот член на избирачкиот одбор.

„Не учеле, не е секој надарен доктор да биде“, вели другиот.

„Не е надарен, ама доволно е некој да дојде и да каже како е, вистината да ја каже. Како сега што кажа, кажи го, како се гласа тука“, вели првиот.

„И после 10 години исто ќе се гласа“, рече вториот.
Во Ресен еден од кандидатите за градоначалник поднесе приговор до ДИК и ОБСЕ за насилни притисоци врз гласачите, поткуп на гласови со храна и „изборен туризам“ со гласачи донесени од Мала Преспа. Тој најави дека доколку продолжат таквите притисоци планира да се повлече од трката пред да заврши целиот изборниот процес. Претседателската на општинската изборна комисија во Ресен Динче Стојановска ги негира тврдењата за нерегуларности.

„Во Општина Ресен се одвива во фер и во демократска атмосфера, мирно без никакви инциденти и проблеми. Нема приговори, реакции неосновани некои, меѓутоа нема реакции“, вели Стојановска.
Добивме многу тврдења дека некои работи нема да бидат во ред и затоа проверуваме дали изборите се одвиваат според стандардите на ОБСЕ/ОДИХР. Ова е првото гласачко место што го посетив и овде не најдовме неправилности. Не сакам да предвидувам, но мора внимателно да ја проследиме ситуацијата со оглед на големиот број наводи од учесниците дадени пред самите избори за што ќе треба да оформиме мислење.
Герт Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Македонија.

Партиски активисти пред неколку избирачки места вршеле притисок врз граѓани, фотографирање на гласачки ливчиња, делење на политички флаери, јавно прозивање на гласачи, нудење пари за глас и семејно гласање се дел од неправилности кои ги евидентирале на набљудувачите на невладините организации.

„Гласачко место 1905 општина Струга, забележани се 13 случаи на семејно гласање, 8 случаи на непочитување на процедурата за гласање на слепи и неписмени лица, како и 3 случаи на јавно гласање. Гласачко место 0412 општина Гостивар, се читаат на глас имињата на гласачите. Гласачко место 0843 општина Кочани, пронајдено е заокружено гласачко ливче позади параванот со печат од соодветното избирачко место“, вели Дарко Алексов од Мост.

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори во Македонија Герт Аренс посети избирачко место во ОУ „Братство“ во скопската населба Тафталиџе 2.

„Добивме многу тврдења дека некои работи нема да бидат во ред и затоа проверуваме дали изборите се одвиваат според стандардите на ОБСЕ/ОДИХР. Ова е првото гласачко место што го посетив и овде не најдовме неправилности. Не сакам да предвидувам, но мора внимателно да ја проследиме ситуацијата со оглед на големиот број наводи од учесниците дадени пред самите избори за што ќе треба да оформиме мислење“, рече Аренс.

Конечните резултати од вториот изборен круг државната изборна комисија ќе ги објави утре.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG