Достапни линкови

Долгот на владата за 2,5 години зголемен за милијарда евра


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Долгот на македонската влада достигна 2,716 милијарди евра или 33,3 отсто од БДП-то. Во последните скоро 2,5 години долгот е зголемен за една милијарда евра, а министерот за финансии Зоран Ставрески најави ново задолжување од 100 милиони евра.

Можеби сме ниско задолжена земја, но проблематичен е капацитетот на Македонија да се раздолжи по основ на долговите, посебно за непродуктивни цели, велат економистите, додека од владата најавуваат нови кредити.
Не е само враќање на долгот, туку и камати кои секако повторно ќе мора да ги отплатат нашите даночни обврзници. Проблемот е од оваа природа, но веројатно и од природата на некои задолжување, односно прифаќаат некакви обврски коишто владата не мораше да ги прифати.
Христо Карталов, универзитетски професор.

Јавниот долг и понатаму расте и заклучно со февруари сочинува 33.3 проценти од бруто домашниот производ.

Државата троши повеќе од што може да собере и тоа ја создава потребата за задолжување, појаснува универзитетскиот професор Христо Карталов, додавајќи дека скапиот капитал во услови на криза е проблем за малите држави како Македонија.

„Не е само враќање на долгот, туку и камати кои секако повторно ќе мора да ги отплатат нашите даночни обврзници. Проблемот е од оваа природа, но веројатно и од природата на некои задолжување, односно прифаќаат некакви обврски коишто владата не мораше да ги прифати.“
Ги доминира најголем дел од медиумите во Македонија и тоа и успева да го направи. Последиците се видливи. Ние сме ги имале кога бевме дел Југославија, постарите граѓани се сеќаваат, онаа последна деценија пред распаѓањето на Југославија беше криза на презадолженост и имаше заробени девизи, заробена заштеда на граѓаните, намалување на приходи, висока инфлација... Инаку ефектите може да ги видиме од нашето соседство или од блиското опкружување, еве ја Грција, еве го Кипар, еве и други земји.
Ванчо Узунов, универзитетски професор, член на СДСМ.

Тука станува збор за непродуктивни инвестиции од типот на „Скопје 2014“ за кои се трошат пари од народната каса, вели Карталов.

Минатата година Македонија заврши со долг од 32 проценти од БДП. За само два месеци вкупниот долг на централната влада има пораст од над 170 милиони евра. Во вакви услови министерот за финансии Зоран Ставрески најави нови задолжувања.

„Ние, да кажеме еве ексклузивно, веќе ја контактиравме Европската банка за нови 100 милиони евра кредитна линија со камата од 5,5 отсто којашто би служела за следната година и на тој начин ќе го поддржиме македонското стопанство, односно малите и средни претпријатија и има добри шанси да ја добиеме таа кредитна линија за следниот период“, рече Ставрески.

Професор Ванчо Узунов, кој е член на опозицискиот СДСМ, вели дека задолжувањето е неодржливо, а владата не го прекинува трендот.

„Така што, тие две работи собрани заедно прават од таа тема навистина црна дупка за Македонија, црна перспектива за Македонија, да му е жал на човек да зборува, а не да се наоѓа во таква ситуација.“

Навидум за ефектите од прекумерно задолжување ретко се зборува, освен што дел од експертската јавност забележува дека минусот е штетен. Не се дискутира бидејки владата ги избегнува таквите дискусии, вели Узунов.

„Ги доминира најголем дел од медиумите во Македонија и тоа и успева да го направи. Последиците се видливи. Ние сме ги имале кога бевме дел Југославија, постарите граѓани се сеќаваат, онаа последна деценија пред распаѓањето на Југославија беше криза на презадолженост и имаше заробени девизи, заробена заштеда на граѓаните, намалување на приходи, висока инфлација... Инаку ефектите може да ги видиме од нашето соседство или од блиското опкружување, еве ја Грција, еве го Кипар, еве и други земји“, вели Узунов.

Инаку утре се очекува делегација од Меѓународниот монетарен фонд да пристигне на редовни консултации во Македонија. Во текот на посетата се очекува претставниците на ММФ да направат ревизија на двегодишниот аранжман од Кредитната линија за претпазливост од 220 милиони евра.
XS
SM
MD
LG