Достапни линкови

Парите од ЕУ за прекугранична соработка, завршија за гранични премини


Средствата од ИПА фондовите на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија ќе бидат наменети за уредување на два гранични премини и тоа не во тој регион.

Средствата од ИПА фондовите на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија наменети за проекти на невладините организации, јавните претпријатија, факултетите и општините се пренаменети за уредување на граничните премини Табановце кон Србија и оној кон Албанија кај Дебар, вели Гоце Симоновски, раководител на секторот за туризам и локален економски развој во општина Охрид и член на мониториг тимот.
Да е уште посимтоматична ситуацијата парите не се користат во регионот. Регионот на меѓугранична соработка е точно дефениран, а Скопје воопшто не влегува во тој регион. Место да се искористат тие средства за отварање на границите, да се зголеми соработката, да се подобри економијата, заштитата на животната средина, парите најчудна работа се релоцираат за изградба на граници.
Гоце Симоновски, Секторот за туризам и локален економски развој во општина Охрид.

Тој вели дека ваквата одлука им била соопштена на последниот состанок. Станува збор за проекти од областа на туризмот, економскиот развој, екологијата, инфраструктурата

„Да е уште посимтоматична ситуацијата парите не се користат во регионот. Регионот на меѓугранична соработка е точно дефениран, а Скопје воопшто не влегува во тој регион. Место да се искористат тие средства за отварање на границите, да се зголеми соработката, да се подобри економијата, заштитата на животната средина, парите најчудна работа се релоцираат за изградба на граници. Поставивме прашање до министерството за локална самоуправа кое ја води програмата на ЕУ за меѓугранична соработка и само ни рекоа дека е така одлучено“, вели Симоновски.
Гоце Симоновски, раководител на секторот за туризам и локален економски развој во општина Охрид.
Гоце Симоновски, раководител на секторот за туризам и локален економски развој во општина Охрид.

Во моментот кога стекнавме искуства во однос на изготвување на проекти, парите ги повлекоа, додава Симоновски, според кого она што треба да се знае е дека оваа година ќе нема заеднички проекти со соседна Албанија

„На секој состанок има претставници и од ЕУ. Ни рекоа разговарајте со вашата влада. Се случуваа проблеми во делот на функционирање на заедничкиот технички секретаријат во Струга поради тоа што не им се даде самостојност. Имаше сериозен проблем во однос на функционирањето на антената во Елбасан, техничкиот секретаријат во Албанија. Сепак мислам дека тоа не беше причина да се повлече таа програма“, вели Симоновски.

Охридскиот екологист Лазо Наумовски писмена реакција за повлекување на овие средства испратил до премиерот Груевски. Тој вели дека меѓу Македонија и Албанија немало квалитетни проекти за заштита на животната средина.

„Добивме една шлаканица од ЕУ, затоа што ние не ги искористивме европските фондови за меѓугранична соработка меѓу Албанија и Македонија. За мене ова е неодговорност“, вели Наумовски.

На институциите од охридско-струшкиот регион за сега им остануваат само средствата од фондовите за прекугранична соработка со Грција.
XS
SM
MD
LG