Достапни линкови

Соработка на бизнисмени од Македонија и од Бугарија


Куманово, архивска фотографија.

Бизнисмените од Ќустендилскиот регион во Бугарија и Североисточниот плански регион во Македонија ќе ја засилуваат соработката.

Зајакнување на капацитетите за заедничка економска соработка на Ќустендилскиот регион(Република Бугарија) и Североисточниот плански регион(Република Македонија), беше темата на дводневниот форум организиран од Центарот за развој на Североисточниот плански регион одржан во Куманово. Целта е имплементација на проектот за прекугранична соработка за претпристапна помош Бугарија-Македонија за период од 12 месеци. За реализирање на проектот, буџетот е околу 95 илјади евра, а водечки партнер е Центарот за развој на Североисточниот плански регион, во соработка со Областната администрација Ќустендил од Бугарија.
Доведовме 50 бизнисмени од мали и средни претпријатија од Ќустендил. Една од дејностите на проектот беше да се направи проучување. Има доста прашања од бизнисмените за надминување на тешкотиите при комуникацијата и даночните и царинските давачки.
Николај Спасов, Ќустендилска област.

На Форумот присуствуваа 100-ина учесници, по 50 од секој регион, претставници на најкарактеристичните индустрии, на мали и средни претпријатија, локални и регионални бизнис асоцијации и јавни институции. Во рамките на Форумот е претставен делокругот на работа на најуспешните мали и средни претпријатија од регионот Ќустендил, Република Бугарија.
Николај Спасов.
Николај Спасов.

Младен Протиќ од Центарот на за развој Североисточниот плански регион вели дека ова е проект од ИПА програмата.

„Се надеваме дека во блиска иднина овој форум даде добри резултати, да се остварат средби помеѓу бизнисмените.“

РСЕ: За каков вид бизнис се работи?
Искуството што може да се добие од бугарските бизнисмени може многу да ни помогне и се надевам дека форумот може да донесе резултати. Односот на комуникација е воспоставување директни контакти, имено бизнисмените меѓу себе сами да комуницираат и тоа може да помогне.
Јадранко Ристовски, бизнисмен од Куманово.

„Не биравме за каков тип бизнис. Има од индустрија, енергетика, хотелиерство, сите кои беа подготвени за соработка“, вели Протиќ.

Николај Спасов од Ќустендилската област вели дека е направена анкета и истражување за што била ангажирана агенција од Софија, од која се гледа големата заинтересираност за соработка на бизнис секторот.

„Доведовме 50 бизнисмени од мали и средни претпријатија од Ќустендил. Една од дејностите на проектот беше да се направи проучување. Има доста прашања од бизнисмените за надминување на тешкотиите при комуникацијата и даночните и царинските давачки.“
Јадранко Ристовски.
Јадранко Ристовски.

Валентин Јанков од Ќустендил, кој има фирма за работа со биоапарати за домаќинството, за соработката со бизнисмените од Македонија вели:

„Ние сме две држави кои по многу работи сме многу блиски и може да се остварат добри бизнис врски во интерес на сите. Многу е добра иницијативата и се надевам дека бизнсимените од двете држави ќе можат добро да соработуваат.“

Јадранко Ристовски од Куманово, чија фирма работи на термоенергетика, претворање на сончевата енергија во електрична, вели:

„Искуството што може да се добие од бугарските бизнисмени може многу да ни помогне и се надевам дека форумот може да донесе резултати. Односот на комуникација е воспоставување директни контакти, имено бизнисмените меѓу себе сами да комуницираат и тоа може да помогне.“

Од форумот, преку меморандум за соработка помеѓу двата региона се очекува да се зголемат човечките и институционалните капацитети и учество во идните програми за развој, засновани на заеднички иницијативи за економска соработка на двата региона. Меморандумот предвидува воспоставување на заеднички Прекуграничен комитет за соработка, како и прекугранични Совети за развој на прекуграничната економска соработка во секој регион, во кои ќе влезат договорен број на претставници на јавниот сектор, индустријата, трговијата и граѓанскоит сектор од регионите.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG