Достапни линкови

Старо Нагоричане се бори за место на туристичката мапа


Црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане.
Црквата Св.Ѓорѓи во Старо Нагоричане.

Повеќе од една деценија oпштината Старо Нагоричане претендира да стане туристичка атракција, но обидите не се многу успешни.

Повеќе од една деценија Општината Старо Нагоричане со нејзините 13 маркирани туристички ,културно-историски, археолошки локалитети и природни раритети претендира да стане туристичка атракција. Не многу успешни се бројните обиди тие да си го добијат своето место на туристичките мапи.
Минатата година како консултантска куќа добивме можност да ја изработиме стратегијата за локален економски развој на Општината Старо Нагоричане.Месеци поминавме разговарајќи со луѓето во општината,бидејки тоа е единствен начин да ги лоцираме проблемите. Беше формирана локална акциона група.
Даниела Петрушева Андонова, Евроцентар Консалтинг.

Поради недостиг на финансиски средства црквите, манастирите кои датираат од 11 до 14 век главно се во непроменета состојба, руинирани, без патен пристап, безмалку подзаборавени или ретко споменувани. Планови и ветувања од сите компетентни во државава има многу, а практичната реализација е речиси незабележлива.

Даниела Петрушева Андонова директор на Евроцентар Консалтинг вели дека:
Даниела Петрушева Андонова.
Даниела Петрушева Андонова.

„Минатата година како консултантска куќа добивме можност да ја изработиме стратегијата за локален економски развој на Општината Старо Нагоричане.Месеци поминавме разговарајќи со луѓето во општината,бидејки тоа е единствен начин да ги лоцираме проблемите. Беше формирана локална акциона група“.

Вели Петрушева Андонова и додава дека на теренот проблеми има многу:
Покрај Охрид и регионот таму, нашиот втор кандидат е архео- астрономскиот локалитет Кокино, кој е на тентетивната листа на светското наследство (УНЕСКО) и се надеваме дека поскоро ќе биде впишан на листата. Токму затоа да дадеме поголемо значење на самиот локалитет кој е кандидат, но и на општината која изобилува со голем број цркви,археолошки локалитети и друг вид културно наследство кое што заслужува внимание.
Зоран Павлов, Националниот комитет ИКОМОС Македонија.

„За тоа постојат стратешки области. Секоја област има изработено свод анализа и во тие слаби страни на свод анализата може да се дефинираат сите темели за идни проекти.Ние не се задржавме само тука. До сега изработивме повеќе проекти,за неколку чекаме одговор,а за два веќе имаме одговор, а тоа е изградба на плоштад во селото Младо Нагоричане и уште еден голем инвестициски проект од европските фондови за прекугранична соработка со Бугарија. Во тек сме и со изработка на неколку проекти за инклузија на маргинализирани групи.“

Зоран Павлов претседател на Националниот комитет ИКОМОС Македонија, како невладина организација и членка на Меѓународната асоцијација ИКОМОС за културно наследство вели дека:
Презентирање на културното наследство лоцирано во Општината Старо Нагоричане.
Презентирање на културното наследство лоцирано во Општината Старо Нагоричане.

„Покрај Охрид и регионот таму, нашиот втор кандидат е архео- астрономскиот локалитет Кокино, кој е на тентетивната листа на светското наследство (УНЕСКО) и се надеваме дека поскоро ќе биде впишан на листата. Токму затоа да дадеме поголемо значење на самиот локалитет кој е кандидат, но и на општината која изобилува со голем број цркви,археолошки локалитети и друг вид културно наследство кое што заслужува внимание.“
За Кокино е кажано дека тоа треба да се сочува колку што може поавтентично. Тие изричито бараа да не се градат никакви објекти во непосредна близина,никакви инфраструктурни објекти кои ние сите ги посакуваме.Тие посочија дека најминимални градби таму може да бидат. Значи патеки со дрвени огради, дрвена колиба.Никако современи или оние што многу чинат. Така да во таа смисла ние мора да се упатиме и да го подготвиме Кокино да влезе во светското културно наследство во листата на УНЕСКО.
Паско Кузман, Управа за заштита на културно наследство.

Првите чекори според Павлов се прават преку ИПА програмата, во соработка со Управата за културно наследство. Се подготвува еден проект за ревитализација на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Старо Нагоричане, неколку објекти од старата селска архитектура и плоштадот кој веројатно некогаш постоел во Старо Нагоричане. Павлов додава дека и останатите објекти и локалитети се планирани,но зависно од финансиски средства, од можностите, се оди чекор по чекор.

Паско Кузман првиот човек на Управата за заштита на културно наследство и за впишување на Кокино во листата на УНЕСКО вели:

„За Кокино е кажано дека тоа треба да се сочува колку што може поавтентично. Тие изричито бараа да не се градат никакви објекти во непосредна близина,никакви инфраструктурни објекти кои ние сите ги посакуваме.Тие посочија дека најминимални градби таму може да бидат. Значи патеки со дрвени огради, дрвена колиба.Никако современи или оние што многу чинат. Така да во таа смисла ние мора да се упатиме и да го подготвиме Кокино да влезе во светското културно наследство во листата на УНЕСКО.“

Што се однесува до конзервацијата на Кокино Кузман додава:

„За конзервација имаме само еден поголем бедем.Само него можеме да го конзервираме,зашто таму е се автентично како што било пред 4 илјади години.Тоа сигурно ќе го конзервираме и тоа во текот на оваа година и тоа да биде и тој автентичен, да асоцира на праисториски бедеми, не да асоцира на современ ѕид или бедем. “

Ваквите настани и заложби за зачувување и достојно презентирање на културното наследство лоцирано во Општината Старо Нагоричане е од големо значење и за локалната самоуправа, но и за месното население. Особено што секојдневно групи домашни и странски посетители ги посетуваат само црквата „Свети Ѓорѓи“ и опсерваторијата Кокино, меѓутоа останатите маркирани туристички атрактивни културно -историски објекти и археолошки локалитети за сега се оставени по страна, без оглед на нивното значење не само за кумановскиот регион,туку и пошироко. Ниту овие две локации немаат соодветен третман. Нема стручни луѓе кои ќе даваат објаснувања на заинтересираните посетители, а скудните флаери или пак сувенири подолг период се минимум кој ни малку не е компатибилен со заинтересираноста на посетителите.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG