Достапни линкови

НАТО и ЕУ - заеднички проекти на Македонија и Албанија


Албанија е силен поддржувач на зачленувањето на Македонија во НАТО, рече претседателката на албанскиот Парламент Џозефина Топали.

Македонија и Албанија никогаш немале посреќен заеднички проект од НАТО и Европската унија, изјави претседателката на собранието на Албанија Џозефина Топали по средбата со нејзиниот колега Трајко Вељаноски.
Посакувам на самитот на НАТО во Чикаго, да добиете позитивни сигнали, колку што може повеќе и сакам да потенцирам дека Албанија е силен поддржувач на зачленувањето на Македонија во НАТО.
Џозефина Топали, претседателка на собранието на Албанија.

„Посакувам на самитот на НАТО во Чикаго, да добиете позитивни сигнали, колку што може повеќе и сакам да потенцирам дека Албанија е силен поддржувач на зачленувањето на Македонија во НАТО“, изјави Топали.

И за Вељаноски оваа средба била задоволителна. Тој рече дека двајцата разговарале за интензивирање на парламентарната соработка на повисоко ниво, а се согласиле и на заедничка помош околу евроинтеграциите.

„Билатералните односи меѓу двете соседни држави се на високо ниво, односи меѓу две пријателски држави. Ние во Албанија имаме уште еден пријател во НАТО и секогаш од страна на Албанија ја имаме поддршката за наше зачленување во Алијансата“, рече Вељаноски, додавајќи дека иднината и на двете земји е во европското семејство.
Билатералните односи меѓу двете соседни држави се на високо ниво, односи меѓу две пријателски држави. Ние во Албанија имаме уште еден пријател во НАТО и секогаш од страна на Албанија ја имаме поддршката за наше зачленување во Алијансата.
Трајко Вељаноски, претседател на македонското собрание.

Двајцата колеги разговарале и за меѓуетничките односи, но и за економската соработка, за можности за поголема прекугранична соработка. Топали ги осуди неодамнешните насилства во земјава.

„Ние сите веруваме во брзата и динамична реакција на институциите и тоа е вистинскиот одговор на насилството. Нешто што треба да се направи, брзо да се реагира“, рече Топали.

Таа оствари средба со Орхан Ибраими, претседател на пратеничката група на македонското собрание за соработка со албанскиот парламент и со членовите на групата, а се обрати и пред македонските пратеници.

„Местото на земјите од Балканот е во европското семејство. Исклучувањето од него е штетно не само за нив, туку за Европа во целина. Затоа треба да се направат напори и од самите земји и од ЕУ, тие што побрзо да се интегрираат и да го олеснат соочувањето на Европа и со економските и со политичките предизвици“, рече Топали пред пратениците.

Топали синоќа имаше работна средба со вицепремиерката Теута Арифи. Арифи и Топали разговараа за европските перспективи на двете земји при што заклучија дека европската интеграција на Македонија и на Албанија, но и на другите држави од регионот, е значајна за натамошниот напредок на целиот регион.

Двете соговорнички оцениле дека постои одлична соработка меѓу Македонија и Албанија и размениле мислења околу можностите за нејзино унапредување преку размена на искуства и учество во заеднички проекти и иницијативи. Во текот на денот Топали ќе ја прими и шефот на државата, Ѓорги Иванов.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG