Достапни линкови

Казните ги сотреа малите бизниси


Прва конвенција на републичкото Здружение на приватни стопанственици.
Прва конвенција на републичкото Здружение на приватни стопанственици.

Дуќанџиите се жалат дека високи даноци и драконските казни ги принудуваат да ги затворат фирмите. Тие од државата бараат измена на законската регулатива и создавање порелаксирана бизнис клима.

Скопјанецот Ѓоко Нестороски, преку 25 години работи како чевлар во старата скопска чаршија. Но, последниов период вели дека се соочува со големи проблеми, се работи во тешки услови, има постојано инспекциски контроли, а казните се превисоки. Со оваа казнена политика на државата, смета Нестороски изумираат старите занаети, кои не само што се услов за егзистенција на многу семејства, туку и даваат дух и на чаршијата.
Работиме во тешки услови и се трудиме да ги задржиме овие старите занаети, ама наместо да се стимулира, тие се дестимулираат преку високите казни.
Ѓоко Нестороски, чевлар.

„Работиме во тешки услови и се трудиме да ги задржиме овие старите занаети, ама наместо да се стимулира, тие се дестимулираат преку високите казни, не се негува, старите занаети да се негуваат“, вели Нестороски.
Прва конвенција на републичкото Здружение на приватни стопанственици.
Прва конвенција на републичкото Здружение на приватни стопанственици.

На високите казни и ригидноста на законските регулативи се жалат и други занаетчии во Македонија.

„Не се прави никаква разлика помеѓу микро, мали, средни и големи стопанства, законот за готовинско плаќање член 178 не се применува директно се оди на казни и тоа ригорозни казни што не можеме да ги платиме“, вели Димитрија Саботкоски, трговец од Прилеп.
Оваа власт нас не излага, 6 месеци чекаме одговор и чекаме нашиот закон да појде во собраниска процедура, а ние само добиваме лажни ветувања.
Влатко Ристески, дуќанџија од Прилеп.

А, неговиот колега Панде Грибовски од Битола, вели дека минатата година неговиот маркет што се наоѓа во центарот на градот на површина од 250 метри квадратни, 72 пати бил под инспекциски надзор. На овие и бројни други проблеми, високите даноци, затворање на мали фирми се жалат македонските дуќанџии, членови на републичкото Здружение на приватни стопанственици. Тие на својата прва конвенција останаа на ставот дека нема да се повлечат пред, како што велат, притисоците на власта и ќе бараат упорно остварување на нивните барања, за измена на законската регулатива и создавање порелаксирана стопанска клима.

„Оваа власт нас не излажа, 6 месеци чекаме одговор и чекаме нашиот закон да појде во собраниска процедура, а ние само добиваме лажни ветувања. Нивните рекетари веќе шетаат по дуќаните, редовно ги уништуваат, ако власта остани се уште глува на нашите барања, сакаме да ги радикализираме протестите со блокади на регионалните патишта“, пренесувајќи го ставот на Здружението, вели Влатко Ристески, дуќанџија од Прилеп.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG