Достапни линкови

ЕУ поблиску до банкарска унија


Лидерите на Европската унија се договорија за воведување единствен надзор на банкарскиот сектор во еврозоната кој треба да профункционира во идната година. Договорот постигнат на самитот во Брисел всушност претставува компромис меѓу Германија и Франција околу начините за поддршка на банкарскиот систем, една од главните причини за должничката криза во Европа.

Во Брисел денеска е прецизирано дека евролидерите се спогодиле политичкиот договор за банкарскиот супревизор да биде постигнат до крајот на оваа година.

„Итниот елемент сега е поставување на еден надзорен механизам за спречување на банкарските ризици и затоа Европскиот совет повика на брз напредок, со цел да биде подготвена законодавната рамка до први јануари, по што би би станал оперативен во текот на идната година“, iзјави претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј.

На ова му претходеше компромис меѓу Германија и Франција.
Не би требало да ги разочаруваме пазарите со постојано менување на термините. Важната порака е дека ќе има банкарски надзор и тоа пред да почнеме да зборуваме за рекапитализација на банките.
Ангела Меркел, германска канцеларка.

Имено, францускиот претседател Франсоа Оланд инсистирал сите 6 илјади банки во 17 земји кои го користат еврото да бидат ставени под контрола до крајот на годинава, на што се спротивстави германскиот канцелар Ангела Меркел, оценувајќи дека не треба да се брза со тоа.

„Би сакала да повторам дека е многу амбициозно министрите за финансии да ја имаат легалната рамка што е можно побрзо. Не би требало да ги разочаруваме пазарите со постојано менување на термините. Важната порака е дека ќе има банкарски надзор и тоа пред да почнеме да зборуваме за рекапитализација на банките.“

Веќе подолго време, за жал, имаме Европа не само со две, туку Европа со повеќе брзини и, според мое мислење, тоа не е решение на проблемот, туку негов извор. Она што и треба на Европа е поголемо единство.
Мартин Шулц, претседател на европарламентот.
Претходно Меркел побара Европската комисија да има и право на вето врз националните буџети на земјите членки. Но, Франција и другите земји страхуваат дека тоа ќе значи и целосно предавање на контролата на нивните финансии.

„Неопходно е да ги решиме проблемите во еврозоната и да ја вратиме довербата која ќе креира пораст. Со банкарската унија ќе успееме да ја вратиме стабилноста и да создадеме маханизам за превенција на идните банкарски кризи“, изјави францускиот претседател Оланд, оценувајќи дека станува збор за пресвртна точка во скоро тригодишната криза во еврозоната.

Сепак, Британија, најголемиот финансиски центар во Европската унија и преостаните девет земји кои не се дел од еврозоната изразија загрижност во врска со правото на глас во идната банкарска унија.

Претходно, претседателот на европарламентот Мартин Шулц изјави дека најважно е Европската унија да остане обединета.

„Веќе подолго време, за жал, имаме Европа не само со две, туку Европа со повеќе брзини и, според мое мислење, тоа не е решение на проблемот, туку негов извор. Она што и треба на Европа е поголемо единство.“

Шулц предупреди дека екстремизмот и радикализмот одат рака под рака со, како што изјави, експлозивната разочараност поради големата невработенсот и распадот на социјалната инфраструктура во Европа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG