Достапни линкови

Ерменија против одлуката на Азербеџан да помилува осуден војник


Рамил Сафаров
Ерменските власти соопштија дека ќе испратат писмо до копретседателите на групата Минск на ОБСЕ во знак на протест за одлуката на Азербеџан да го ослободи војникот Рамил Сафаров кој беше екстрадиран од Унгарија, каде отслужуваше доживотна казна за убиство на ерменски офицер.
Во писмото ќе биде наведено дека Ерменија ќе ги суспендира дипломатските односи со Будимпешта. Азербеџанскиот претседател Илхам Алиев го помилува Сафаров при неговото пристигнување во земјата.
XS
SM
MD
LG