Достапни линкови

Експлозија на рафинерија во Венецуела, 7 мртви


Илустрација
Најмалку седум луѓе загинале а околу 50 се повредени при експлозија на рафинарија за нафта во Венецуела. На видео снимката која е објавена на интернет се гледа дека голем дел од објектот е зафатен од пожар. Припадници на Националната гарда ја обезбедуваат рафинеријата за да не дојде до нови експлозии изјави гувернерката Стела Луго. Министерот за нафта Рафале Рамирес изјави дека до експлозијата дошло откако протекол гас кој се запалил.
XS
SM
MD
LG