Достапни линкови

И Мајкрософт со таблет компјутер


Новиот таблет на Мајкрософт
Компјутерскиот софтверски гигант Мајкрософт обелодени нов таблет компјутер што би требало да му конкурира на познатиот Ајпед на компанијата Епл. Таблетот е наречен Сурфејс и ќе функционира со најавениот нов оперативен систем Виндоус 8. Таблетот е со исти димензии како Ајпед, но за разлика од него има и подвижна тастатура. Цената на новиот таблет кој треба да се појави на пазарот во октомври годинава не е објавена.
XS
SM
MD
LG