Достапни линкови

Соседите ни го преземаат текстилното производство


Министерот за економија Ваљон Сарачини и американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс на презентацијата на завршиот проект за конкурентност на УСАИД.
Министерот за економија Ваљон Сарачини и американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс на презентацијата на завршиот проект за конкурентност на УСАИД.

Мора да се подигне конкурентноста на текстилното производство зашто побарувачката во изминативе месеци е намалена за 20 проценти.

Македонското текстилно производство се соочува со голем недостаток на работа, фирмите се повеќе го губат оптимизмот, затоа што се поголем број на клиенти ги намалуваат налозите и ги префрлаат во соседните земји како Албанија и Бугарија, вели извршниот директор на текстилниот кластер Наташа Сивевска. Таа додава дека мора да се реши тој проблем и да се подигне конкурентноста на текстилната производна гранка затоа што во изминативе неколку месеци побарувачките во овој сектор се намалени за 20 проценти.
Mора да се направат некои интервенции, ние покрај кризата ја губиме и останатата конкурентност како што спомнав со земјите од регионот, мора да се направат одредени интервенции, одредени поддршки во секторот за да еве и да се справиме со моменталната состојба, а и да ја зголемиме конкурентноста за да може да си ги задржиме барем налозите кои што во моментов ги имаме.
Наташа Сивевска, извршен директор на текстилниот кластер.

Сивевска смета дека компаниите тешко ќе преживеат додека чекаат да се исполнат очекувањата на владата за подобрување на економската клима во втората половина од годинава како резултат на одминување на кризата.
Министерот за економија Ваљон Сарачини и американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс на презентацијата на завршиот проект за конкурентност на УСАИД.
Министерот за економија Ваљон Сарачини и американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс на презентацијата на завршиот проект за конкурентност на УСАИД.

„Па ќе преживеат доста тешко, значи мора да се направат некои интервенции, ние покрај кризата ја губиме и останатата конкурентност како што спомнав со земјите од регионот, мора да се направат одредени интервенции, одредени поддршки во секторот за да еве и да се справиме со моменталната состојба, а и да ја зголемиме конкурентноста за да може да си ги задржиме барем налозите кои што во моментов ги имаме.“

Сивевска вели дека компаниите очекуваат подобрување на состојбата но контактите што ги имаат со клиентите не укажуваат на тоа.

На новинарско прашање, дали ќе се отпуштаат вработени во текстилната индустрија, таа изрази надеж дека нема да има потреба за такви нешто.
Крајната цел на програмите за развој е зад себе да остават локално менаџирани програми кои ќе ги спроведуваат нивните мисии и ќе продолжат да нудат услуги што се бараат на пазарот. Проектот на УСАИД за конкурентност го направи токму тоа и претставува уште еден пример за нашето целокупно партнерство со Македонија.
Пол Волерс, амбасадор на САД во Македонија.

„Па јас се надевам дека не, меѓутоа мора да се изнајде решение, мора да има дијалог со владините институции, со текстилните компании, работодавачите и синдикатот, сите заедно да изнајдеме начин да испливаме од оваа криза.“

Инаку денеска беа презентирани и резултатите од петгодишниот проект на Американската агенција за меѓународен развој(УСАИД) за конкурентност што го спроведуваше „Карана корпорацијата“. Преку проектот на УСАИД, поддршка добиле над 500 македонски компании кои со различни активности од програмата успеале да отворат нови 3.300 работни места, 160 компании да пристапат до над 80 милиони долари надворешно финансирање, да реализираат инвестиции од 145 милиони долари и извоз од 88 милиони долари.

Американскиот амбасадор во Скопје Пол Волерс изјави дека поддршката на УСАИД на македонското стопанство е дел од американското стратегиско партенрство со Македонија. Тој додаде дека и по завршувањето на проектот, САД и понатаму ќе продолжи да го поддржува македонското стопанство.

„Крајната цел на програмите за развој е зад себе да остават локално менаџирани програми кои ќе ги спроведуваат нивните мисии и ќе продолжат да нудат услуги што се бараат на пазарот. Проектот на УСАИД за конкурентност го направи токму тоа и претставува уште еден пример за нашето целокупно партнерство со Македонија“, изјави Волерс.

Министерот за економија Ваљон Сарачини изјави дека помошта од УСАИД е од големо значење.

„Поддршката на фирмите во овој процес е инвестиција која останува, која создава трајни вредности, отвара нови работни места и создава нови деловни врски, придонесува кон зголемен извоз и поголема конкурентност за една економија.“

Во рамките на одбележувањето на крајот на проектот за поддршка на конкурентноста на УСАИД и министерот Сарачини денеска потпиша договор за грант од 40.000 долари преку проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG