Достапни линкови

Текстилците без последици од кризата во еврозоната


Илустрација.
Илустрација.

Неизвесно е како би се одразила кризата во Еврозоната врз тровскиот дефицит на Македонија, што е долгогодишен проблем на домашната економија. Текстилниот сектор засега не бележи дефицит, иако беше најпогоден од октомврискиот пад на индустриското производство.

Падот на индустриското производство во октомври годинава, кој најмногу се почувствува во текстилната и кожарската индустрија, се уште го нема зголемено трговскиот дефицит во оваа гранка, посочуваат упатените, потсетувајќи дека растечкиот трговски дефицит е стар проблем на македонската економија.

Како текстилна гранка, нашиот сектор се уште остварува суфицит на релација увоз - извоз. Претежно, поголем е делот каде што се увезуваат репроматеријалите, поради начинот на кој е организирана текстилната индустрија, и потоа имаме извоз на готови производи.
Маријана Перковска претседател на текстилниот кластер.
Претседателот на Текстилниот кластер Маријана Перковска вели дека текстилниот сектор за сега не се соочува со зголемен трговски дефицит.

„Како текстилна гранка, нашиот сектор се уште остварува суфицит на релација увоз - извоз. Претежно, поголем е делот каде што се увезуваат репроматеријалите, поради начинот на кој е организирана текстилната индустрија и потоа имаме извоз на готови производи.“

Текстилната индустрија прва се рестартираше и може да се очекува дека евентуална криза би имала влијание на оваа индустриска гранка, вели Перковска.
текстилна фабрика во Прилеп
текстилна фабрика во Прилеп

„Поради конкуренцијата од Кина и од Далечниот Исток, нам ни останаа оние мали и брзи серии за кои што се уште има простор. Дури можам да кажам дека би можела да се јави и поголема потреба, бидејќи сите трговци гледаат да ги намалат средствата кои ги врзуваат за набавки на поголеми количини. Не можеме да знаеме со сигурност како ова ќе се одрази. И едната и другата варијанта се во игра“.
Тој трговски дефицит постои веќе со години, практично отсекогаш, и освен во кризните периоди, нема некој голем тренд на намалување, што значи дека има проблем со конкурентноста на македонското стопанство.
Владимир Глигоров, Виенски институт за еконономски студии.

Вреди да се споменат и официјалните статистики кои деновиве кружат по медиумите, кои покажуваат дека во првите 10 месеци од годинава во споредба со истиот период лани, производството на текстил било помало за 30%, а на кожа за 40% на сметка на растот од 22% на производството на облека.

За сега е неизвесно дали кризата во еврозоната ќе предизвика понатамошен пад на индустриското производство што би можело да подгори зголемување на трговскиот дефицит.

Согласно постоечките податоци, досега годинава се бележи раст на производството, додека падот од 3.8 проценти се регистрираше во октомври. Растот на производството исто така предизвикува раст на дефицитот поради зголемената побарувачка, забележува д-р Владимир Глигоров од Виенскиот институт за еконономски студии

​„Тој трговски дефицит постои веќе со години, практично отсекогаш, и освен во кризните периоди нема некој голем тренд на намалување, што значи дека има проблем со конкурентноста на македонското стопанство“, вели Глигоров, кој повторно дополнува дека не станува збор за свеж проблем.

Инаку, во првите осум месеци годинава остварен е трговски дефицит од 1.8 милијарда долари. Се проценува дека годинашниот дефицит за првите осум месеци е поголем за околу 500 милиони долари во споредба со оној во истиот период од минатата година.
XS
SM
MD
LG