Достапни линкови

Членството во НАТО - сигурност за инвестициите


Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип на 29 февруари 2012 година.
Претседателот Ѓорге Иванов во посета на текстилна фабрика во Штип на 29 февруари 2012 година.

Роуд-шоуата за привлекувања странски инвестиции засега се без резултат. Според експертите, клучно за инвеститорите е политичката и безбедносна стабилност.

Може да се смета на заинтересираноста на бизнисот да го зголемува својот профит и да препознае некакви можности во Македнија што веројатно е единствената надеж на сите преземени владини роуд шоуа, но се паѓа во вода кога ќе се согледаат безбедносните услови во земјата, анализираат експертите.
Во некоја земја треба да профитирам за да одам, првиот мотив, а вториот мотив е кога јас би бил сигурен дека ќе добијам, а не би се загрозил воопшто мојот капитал вложен таму. Значи сигурноста е во прв план и толку оваа сигурност на инвестицијата се врзува со приемот на Македонија во НАТО.
Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Македонија во овој поглед се однесува како да не гледа што и се случува и виновниците ги бара насекаде, иако за лошата инвестициска слика виновникот лежи пред се во продолженото статус кво, што се однесува до членството во Алијансата посочува претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Мендерес Кучи.
Илустрација.
Илустрација.

„Во некоја земја треба да профитирам за да одам, првиот мотив, а вториот мотив е кога јас би бил сигурен дека ќе добијам, а не би се загрозил воопшто мојот капитал вложен таму. Значи сигурноста е во прв план и толку оваа сигурност на инвестицијата се врзува со приемот на Македонија во НАТО.“

На овој критериум којшто на прво место ја дефинира конкурентноста на една земја, се надоврзува и политичката нестабилност во земјата и нестабилноста која ја создава нефункционирањето на институциите во земјата, додава професорката Шенај Хаџимустафа.
Каде што судскиот систем не функционира или пак е бавен, тогаш сигурно ќе се одвратат и од таа насока и од тој критериум.
Шенај Хаџимустафа, економски аналитичар.

„Каде што судскиот систем не функционира или пак е бавен, тогаш сигурно ќе се одвратат и од таа насока и од тој критериум. Тоа се отсликува во тие глобални индикатори што се пресметуваат за сите земји во светот, каде што можеме да кажеме дека според функционирањето на институциите нашата земја и не котира баш на високо место.“

Само повисока безбедносно политичка стабилност на земјата може да биде плодна почва за привлекување странски инвестиции, додава Хаџимустафа.

Она што владините роуд шоуа до сега го направиле може да се мери само со реалниот фидбек, а тој засега не постои. Треба да се биде пореален во своите амбиции и најпрвин да се прават обиди за подобрување на стопанската соработка со сооседите, а пред се да се мотивираат домашните инвеститори, препорачува Кучи.

Владина делегација престојува во Италија, каде што пред стопанствениците од Торино и од Милано ќе ги презентира инвестициските можности на земјава.
XS
SM
MD
LG