Достапни линкови

Златните коњи нема да ги вратат кредитите


Позајмените пари треба да се вложат во нешто што ќе ги враќа парите, а не во споменици, велат експертите. За нив објаснувањето на власта дека се задолжуваме оти сме малку задолжена земја, не држат.

Секој кредит треба да се врати и тој секогаш се враќа со камата, апелираат дел од експертите анализирајќи ги постојаните задолжувања на владата кај домашните и кај странските банки и фондови кои го зголемуваат државниот долг во последниве неколку години.
Вложуваме во проекти каде што сигурно не можат да вратат пари. Разни огради и споменици по милион ипол евра и секој ден никнуваат нови без никој да ги гледа, кампањи разноразни на владата и слично. Од друга страна се задолжуваме и велиме дека немаме доволно пари и се крати во сектори како здравство и слично.
Сашо Арсов, професор.

Нормално е да се очекува тоа за што се вложуваат позајмените пари да носи поголеми приноси за да може да се вратат и главницата и каматите, посочува професор Сашо Арсов.

„Во нашиот случај има една очигледа дискрепанца, во смисол на тоа дека вложуваме во проекти каде што сигурно не можат да вратат пари. Разни огради и споменици по милион ипол евра и секој ден никнуваат нови без никој да ги гледа, кампањи разноразни на владата и слично. Од друга страна се задолжуваме и велиме дека немаме доволно пари и се крати во сектори како здравство и слично“, вели Арсов.
Премиерот Груевски става камен темелник на барокна катна гаража.
Премиерот Груевски става камен темелник на барокна катна гаража.

Ваквото задолжување е нецелисходно и нема оправдување, вели Арсов, којшто не се согласува со оценките дека Mакедонија е малку или средно задолжена земја како што тврдат претставниците од власта.

„Имено секоја земја има сопствен капацитет да ги враќа долговите или нема, на пример еве Грција, Грција нема капацитет да ги враќа, меѓутоа како членка на европската монетарна унија, има голема помош од таа страна“, додава Арсов.

Позајмените средства се користат за некапитални инвестиции и затоа јавниот долг расте а од друга страна краткорочно се финансираат домашни компании за изградба на разни објекти кои не можат да ги вратат вложените пари, појаснува економистот Висар Адеми.

„Кога се градат споменици каде што немаат некоја додадена вредност, туку се прават блиску до владејачката структура, тогаш се знае зошто се прави тоа, тоа е за перење на пари.“

Ако ние денеска се задолжувамне за непродуктивни трошоци кои не носат приходи ниту нови работни места а тоа само значи дека тие пари ќе ги враќаат идните генерации, велат експертите и затоа владата треба да утврди приоритети и да направи добра анализа пред да се задолжува.

До на крајот на март годинава изброивме 2 милијарди и 70 милиони евра јавен долг во кои не се вклучени најавените задолжувања од 350 милиони евра. Тоа значи дека во изминативе четири години, владата го зголемила долгот за дополнителни 900 милиони евра.
XS
SM
MD
LG