Достапни линкови

Аунг Сан Су Ки за прв пат по 23 години ќе го напушти Мјанмар


Аунг Сан Су Ки
Про-демократскиот лидер Аунг Сан Су Ки за прв пат ќе го напушти Мјанмар по 23 години. Су Ки досега беше во домашен притвор под режимот на воената хунта. Таа се очекува во јуни да ја посети Британија, каде ќе ја прими Нобеловата награда за мир, која и беше доделена во 1991 година. Нејзиното патување доаѓа по месеци на промени во Мјанмар, каде новата воена-цивилна влада го започна процесот на реформи во земјата. Су Ки на изборите во април освои место во Парламентот.
XS
SM
MD
LG