Достапни линкови

Социјалните мрежи моќни - и за арно и за лошо


Илустрација.
Илустрација.

И вие одеднаш на Фејсбук и Твитер имате еуфорија од двете страни, каде што едните сакаат да уриваат, другите сакаат да градат.

Групи кои повикуваат на марш, на протести, повикуваат за стоп на насилството и национализмот во Македонија, но и такви кои повикуваат на одбрана на верата, за палење цркви и џамии, па можете да сретнете закани, пцости, навреди... Сето она што се случуваше на меѓуетнички план изминатиов период, си најде свое место и на социјалните мрежи. Преку ноќ се појавуваат групи и профили со етнички предзнак, а на нив фотографии и видеа, постови со кои се повикува на „справување“ со другиот. Но и такви групи со кои се повикува да се запре со нетрпеливоста.
Сите ние преку овие нови медиуми сфаќаме дека не сме сами, дека она со што не бомбрдираат преку традиционалните медиуми не е единствената вистина. Но, она што го имаме како позиција на моќ, е дека новите медиуми се користат како алиби, а не како реално средство, како реален фактор во оваа ситуација.
Филип Стојановски, фондација Метаморфозис.

Неколку пати досега на социјалната мрежа Фејсбук се појавија групи кои шират меѓуверска и меѓунационална омраза. Од МВР во неколку наврати велеа дека ја следат состојбата, дека полицајците се на Фејсбук, но досега во јавноста нема податоци дека се откриени причинителите на такви антиопштествени активности и дека против нив се покренати некакви мерки за санкции.

На Фејсбук има околу 940 илјади македонски профили, не се знае колку е точната бројка на Твитер сметки, но се претпоставува дека нивната бројка е околу 10 илјади, а тука се и Јутјуб и останатите социјални медиуми.
Филип Стојановски за време на панел-дискусијата „Водење на јавната дебата на повисоко ниво: Социјални медиуми како олеснителен фактор за партиципативна демократија“ во ЕУ инфоцентарот во Скопје.
Филип Стојановски за време на панел-дискусијата „Водење на јавната дебата на повисоко ниво: Социјални медиуми како олеснителен фактор за партиципативна демократија“ во ЕУ инфоцентарот во Скопје.

За дел од протестите кои беа организирани навистина стоеја социјалните мрежи, но за дел од нив тие беа искористени само како алиби, вели Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис. Тој како пример ги наведува минатогодиншните настани на Кале, кои беа во исто време со „арапската пролет“. Имаше традиционални медиуми кои прашуваа дали Фејсбук е виновен за она што се случува на Кале, бидејќи имало отворени објави за настаните, вели Стојановски.
Имате млади луѓе на 18, 20 години кои едвај чекаат да се вработат по партиски клуч и доаѓаат да се тепаат, бидејќи не знаат кој е заклучокот.
Мевлудин Ибиш, Меѓународен балкански универзитет.

„Тоа беше дефокусирање на вниманието од вистинските причини за тие случувања, од вистинските иницијатори и организатори, со цел да се искористи овој нов момент како изговор за можеби нешто друго.“

Стојановски вели дека обидите да се смират тензиите преку социјалните медиуми имаат големо влијание.

„Бидејќи сите ние преку овие нови медиуми сфаќаме дека не сме сами, дека она со што не бомбрдираат преку традиционалните медиуми не е единствената вистина. Но, она што го имаме како позиција на моќ, е дека новите медиуми се користат како алиби, а не како реално средство, како реален фактор во оваа ситуација.“
Доволно е само еден статус од министерката за внатрешни работи Јанкулоска, да напише дека треба да се прекине со тепачките и дека страстите треба да се смират. Тој статус ќе биде шеруван, ќе биде лајкуван, ќе биде споделен со 900 илјади корисници на Фејсбук, коишто потоа ќе ги предизвикаат медиумите да обрнат внимание на тој статус, да напишат вест за тој статус, тие вести ќе бидат повторно споделени и евентуално ќе предизвикаат реакции од другите политичари да искоментираат за тој статус.
Виктор Арсовски, уредник на www.it.com.mk.

Мевлудин Ибиш од Меѓународниот балкански универзитет се согласува дека социјалните медиуми повеќе биле искористени за манупулација во случаите на меѓуентичка нетрпеливост, отколку што се искористени за позитивни идеи. Тој вели дека политичките партии ги искористуваа социјалните мрежи за свои интереси и притоа го наведува инцидентот на Кале.

„И вие одеднаш имате еуфорија од двете страни, кадешто едните сакаат да уриваат, другите сакаат да градат, а замислете вие постојано сте во тек низ тие политички процеси, односно низ тие финансиски процеси, што некој требало да гради и тн. и одеднаш Фејсбук станува не она што треба да биде, туку е алатка за злоупотреба.“

Во сето тоа младите беа жртва, додава Ибиш.

„Имате млади луѓе на 18, 20 години кои едвај чекаат да се вработат по партиски клуч и доаѓаат да се тепаат, бидејќи не знаат кој е заклучокот.“
Виктор Арсовски, уредник на информатичкиот портал www.it.com.mk.
Виктор Арсовски, уредник на информатичкиот портал www.it.com.mk.

Политичарите повикуваа на смирување на страстите, повикуваа секој кој има некако влијание во јавноста да го искористи тоа за тензиите да се смират. Но колку тие ги искористија социјалните мрежи за да престане насилството меѓу младите?
Не ги искористуваме шансите да промовираме позитивни примери кои би биле контрабаланс на насилството што се случува, или да дадат некоја алтернатива или да дадат пример за случаи такви во светот како завршиле или како треба да се справиме со нив. Во таа смила оние што имаше да кажат нешто, останаа недоречени, гледам дека многу нешта можат да бидат направени позитивно, а не се прават.
Сеад Џигал, Центар за нови медиуми.

На Фејсбук профилот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска се постирани интервјуата или изјавите на министерката кои ги дала за некоја телевизија или портал, најави за тоа каде била, што посетила или со кого се сретнала. Обично, она што е постирано е во трето лице еднина, наместо во прво лице. Отсуствува дебата или директен повик до корисниците да се престане со меѓуетниците инцидентити и со насилствата.
Панел-дискусија „Водење на јавната дебата на повисоко ниво: Социјални медиуми како олеснителен фактор за партиципативна демократија“ во ЕУ Инфо центарот во Скопје.
Панел-дискусија „Водење на јавната дебата на повисоко ниво: Социјални медиуми како олеснителен фактор за партиципативна демократија“ во ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Политичарите не направија доволно да спречат говор на омраза

Познавачите на социјалните мрежи велат дека политичките партии во земјава се застапени на социјалните мрежи, барем тие подоголемите. Дел од партиите не ги разбираат социјалните мрежи, пред се Твитер и ги користат за еднонасочна комуникација, односно само им соопштуваат на нивните следбеници она што сакаат да им го кажат. Недостасува лична порака од самите корисници, односно политичари, и тие не комуницираат со читателите.
Министерството за внатреши работи, освен барањето за забрана, доколку регистрира некој посериозен случај, се обраќа до Фејсбук и со барање да дојдеме до ИП адресата за да утврдиме кои се поединците кои ги основаат ваквите групи и кои шират меѓуверска, меѓуетничка нетолеранција, но се случува да ни биде побаран и судски налог, така да мораме доколку сакаме да продолжиме со полициската истрага, да обезбедиме и поголем број на податоци за да бидат и соодветно процесиурани лицата кои ги злоупотребуваат социјалните мрежи.
Иво Котевски, портпарол на МВР.

Социјалните мрежи може да се искористат да се смират страстите, вели уредникот на информатичкиот портал it.com.mk Виктор Арсовски. Само една лична реченица од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе допринесеше да се смири целата ситуација, вели тој.

„Доволно е само еден статус од министерката за внатрешни работи Јанкулоска, да напише дека треба да се прекине со тепачките и дека страстите треба да се смират. Тој статус ќе биде шеруван, ќе биде лајкуван, ќе биде споделен со 900 илјади корисници на Фејсбук, коишто потоа ќе ги предизвикаат медиумите да обрнат внимание на тој статус, да напишат вест за тој статус, тие вести ќе бидат повторно споделени и евентуално ќе предизвикаат реакции од другите политичари да искоментираат за тој статус“, вели Арсовски.

Иако имаше умерени гласови да се повика на разум и се промовираа содржини кои го поддржуваа заедништвото и соживотот, сепак од политичарите, јавните функционери и влијателните луѓе немаше ни силен отпор кон насилството, вели Сеад Џигал од Центарот за нови медиуми.
Иво Котевски, помошник министер за внатрешни работи.
Иво Котевски, помошник министер за внатрешни работи.

„Не ги искористуваме шансите да промовираме позитивни примери кои би биле контрабаланс на насилството што се случува, или да дадат некоја алтернатива или да дадат пример за случаи такви во светот како завршиле или како треба да се справиме со нив. Во таа смила оние што имаше да кажат нешто, останаа недоречени, гледам дека многу нешта можат да бидат направени позитивно, а не се прават“, вели Џигал.
Менталитетот на тие 900 илјади профили на Фејсбук е таков што, ако некаде започне говор на омраза на пример против Албанците, самите корисници ќе помогнат да се промовира тој говор на омраза, ќе го продолжат, тие нема да застанат и кажат чекајте луѓе не треба така да се однесуваме, тие ни се соседи, бидејќи ако некој каже такво нешто во тие групи, тој ќе биде исфрлен, блокиран или ќе биде омаловажуван од другите корисници.
Виктор Арсовски, уредник на www.it.com.mk.

Никој не одговарал за ширење говор на омраза на интернет

Портпаролот на МВР Иво Котевски, вели дека изминатиот период регистирале повеќе случаи кога социјалните мрежи биле злоупотребени од некои поединци и групи за ширење на меѓуверска и меѓунационална омраза. Тој вели дека секогаш кога ќе утврдат дека станува збор за тоа, еднициата за борба против компјутерски криминал реагира до Фејсбук или до другите мрежи со барање за укинување, односно забрана на профилите или групите.

Тој додава дека што се однесува до утврдувањето на поединци, односно нивни ИП адреси, во голема мера зависат од интерната политика на Фејсбук, затоа што од нив зависи кога и на кој начин би ги испратиел податоците кои ги бараат од МВР.
Тамара Атанасоска.
Тамара Атанасоска.

Сега засега имаме многу мал импакт, барем јас така мислам, затоа што законодавниот дом нема многу слух за нашите барања, но мислам дека ние можеме да бидеме генерацијата која ќе смени нешто и која ги користи социјалните медиуми за граѓанско делување затоа што ни е многу јасно дека не можеме да им го наметнеме ова на постарите генерации кои се скроени за некои други вредности.
Тамара Атансоска, граѓански активист.
„Министерството за внатреши работи, освен барањето за забрана, доколку регистрира некој посериозен случај, се обраќа до Фејсбук и со барање да дојдеме до ИП адресата за да утврдиме кои се поединците кои ги основаат ваквите групи и кои шират меѓуверска, меѓуетничка нетолеранција, но се случува да ни биде побаран и судски налог, така да мораме доколку сакаме да продолжиме со полициската истрага, да обезбедиме и поголем број на податоци за да бидат и соодветно процесиурани лицата кои ги злоупотребуваат социјалните мрежи.“

Котевски вели дека Македонија не може да биде исклучок од светските трендови кога многу работи се организраат преку социјалните мрежи.

„Сето она што се случува низ целиот свет, бевме сведоци дека и во Велика Британија, во немирите во Лондон, па и во други земји, голем дел од групите што го нарушуваа јавниот ред и мир, вршеа кривични дела се мобилизираа токму преку социјалните мрежи, така што и Македонија во тој аспект не може да биде исклучок“, вели Котевски.

Социјалните мрежи се слика на општеството

Виктор Арсовски вели дека проблемот е и во менталитетот на народот, бидејќи под секој статус на Фејсбук има опција, ако статусот повикува на насилство, говор на омраза или дискриминација, може да пријави до централата и ако тоа го направат неколку луѓе, статусот може да се тргне, но тоа не е случај кај нас, вели Арсовски.

„Менталитетот на тие 900 илјади профили на Фејсбук е таков што, ако некаде започне говор на омраза на пример против Албанците, самите корисници ќе помогнат да се промовира тој говор на омраза, ќе го продолжат, тие нема да застанат и кажат чекајте луѓе не треба така да се однесуваме, тие ни се соседи, бидејќи ако некој каже такво нешто во тие групи, тој ќе биде исфрлен, блокиран или ќе биде омаловажуван од другите корисници.“

Она што се случува на социјалните мрежи само го отсликува општеството во кое живееме, вели Арсовски.

„Затоа што целиот тој говор на омраза доаѓа од општеството, а не од друштвените мрежи. Треба да се знае дека тоа што се случува на Фејсбук е само одраз на тоа што се случува во општеството. Ако на Фејсбук има говор на омраза и ако на Фејсбук се гледаат групи ексклузивно само со корисници Македонци или корисници Албанци кои мислат дека се борат за некоја своја национална идеја, тоа е одраз на општеството, дека нема соживот меѓу македонските и албанските граѓани, не комуницираат не се дружат меѓу себе за да креираат некои такви групи.“

Но не само Фејсбук проблем. Ако на Фејсбук е лошо, тогаш Јутјуб е катастрофа, додава Арсовски. И таму има видеа со насилни содржини, со палење на знамиња, со оружје, а под нив коментари со „проблематична содржина“. И за нив може да се пријави само со еден клик, но додека да го тргнат, веќе го гледале милиони луѓе.

Во земјата на неколку пати социјалните медиуми ја покажаа својата моќ во организирање на настани како протестите против полициската бруталност по убиството на младиот Мартин Нешкоски, хуманитарни настани, кога се виде колку граѓанската акција може да направи. Иако не се сменија закони, не паднаа влади, сепак се слушна гласот на младите.

Социјални мрежи и за арно

Покажавме дека нешто може да се случи, дека може да се организираме преку социјалните мрежи, вели Тамара Атансоска, граѓански активист и една од учесниците на протестот против полициска бруталност.

„Сметам дека се показател дека се уште нашиот законодавен дом и воопшто македонската висока политика не е спремна да прифати чиста граѓанска акција.“

Таа вели дека засега не може баш да се креира подобро граѓанско општество преку социјалните медиуми.

„Сега засега имаме многу мал импакт, барем јас така мислам, затоа што законодавниот дом нема многу слух за нашите барања, но мислам дека ние можеме да бидеме генерацијата која ќе смени нешто и која ги користи социјалните медиуми за граѓанско делување затоа што ни е многу јасно дека не можеме да им го наметнеме ова на постарите генерации кои се скроени за некои други вредности“, вели Атанасоска.

За да се дојде до општествено видливи резултати од граѓански активизам, освен повиците и пораките кои се споделуваат на социјалните мрежи, потребно е да се излезе и на улица и да се преземат конкретни мерки. Директорот на Младинскиот образовен форум, Марјан Забрчанец дава доабр пример за тоа:

„Едноставен пример за тоа е дека не може пред компјутер да засадите дрво, може пред компјутер да повикате да засадиме дрво, меѓутоа на крајот на денот мора да излеземе надвор и да го засадиме дрвото во земја.“

Светот громогласно се менува. Младите демонстранти ширум светот ги употребуваат сите средства за да се слушне нивниот глас, да ги принудат владите да го преиспитаат начинот на владеење, да се побунат против растот на социјалниот јаз меѓу богатите и сиромашните, а новите медиуми многу им помогнаа во тоа.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG