Достапни линкови

МВР ги замолчува демонстрантите


Заштитниот знак на протестите против полициска бруталност во Скопје
Заштитниот знак на протестите против полициска бруталност во Скопје

Поради наводно повикување на насилство, по препорака на МВР се укинуваат Фејсбук групи на демонстрантите против полициската бруталност. Демонстрантите сметаат дека МВР се обидува да ги замолчи.

Луѓето што протестираат против полициска бруталност велат дека не се сеќаваат оти виделе говор на омраза и повик на насилство во групите што по препорака на Министертвото за внатрешни работи се укинати на Фејсбук. Тие ги осудуваат и се оградуваат од оние што во коментарите повикуваат на насилни протести. Еден од учениците на протестите и претставник на телото за односи со јавноста, Кирил Ефремовски, вели дека се убедени дека администраторите кои ги направиле овие групи до пред да се затворат не повикувале на насилство, но можно е во
Се плашиме дека се работи за нешто такво. Јас мислам дека на МВР и на власта им одговора што помал одзив на овие протести, што помалку информации и ширење на информациите.

поединечни коментари да имало таква појава. Тој додава дека немаат техничка можност за да ги мониторираат сите групи кои би повикувале на такво нешто, но ваквата мерка на МВР го сметаат за обид за замолчување.

„Се плашиме дека се работи за нешто такво. Јас мислам дека на МВР и на власта им одговора што помал одзив на овие протести, што помалку информации и ширење на информациите и токму заради тоа инсистираат на бришење на овие групи, односно доставуваат барање до Фејсбук администраторите да ги избришат овие групи.“

Од протестите во Скопје

Тој додава дека МВР има селективен пристап кон овие протести и дека на индиректен начин се обидува да им стави до знаење дека треба да се повлечат.

Консултантот за интернет и нови медиуми, Мите Кузевски, вели дека мора да се утврди дали има докази дека на овие групи имало повик за насилство.

„Јас досега немам ниту една од тие страни видено што се тврди дека се избришани, за да видиме дали навистина повикуваат или не повикуваат на насилство. Оттука да можеме да заклучиме дали МВР ја злоупотребува својата позиција во која што може да пријави во Фејсбук, дека таа група повикува на одредено насилство.“
Тогаш можеме да зборуваме за злоупотреба од страна на МВР и цензура на еден простор којшто се употребува за организирање на протестите, а со тоа директно влијае и на самото организирање на протестите, односно се обидува да загуши еден канал преку кој што се организираат
протестите.

Тој додава дека доколку се утврди оти МВР немала право да ги пријави овие Фејсбук групи, затоа што не повикувале на насилство тогаш може да се зборува за цензура.

„Тогаш можеме да зборуваме за злоупотреба од страна на МВР и цензура на еден простор којшто се употребува за организирање на протестите, а со тоа директно влијае и на самото организирање на протестите, односно се обидува да загуши еден канал преку кој што се организираат протестите.“

По ваквите случувања, младите се преселија на друго место, отворија две интернет страници каде што може да се најдат сите информации за протестите, фотографии, видеа, активностите на демонстрантите и нивната дневна маршрута. Меѓу другото, објавен е и водич за протеститирање, според кој сите треба да протестираат мирно, доколку забележат некој со партиски обележја да го замолат да ги тргне и да не подлегнуваат на провокации. Во водичот е наведено дека ако забележат дека некој прави каков било криминален акт да го сликаат со телефон и да ја остават полицијата да си ја врши работата.

Демонстрациите против полициската бруталност се одвиваат речиси две недели.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG