Достапни линкови

Меѓуетнички тензии и на социјалните мрежи


Архивска фотографија: Зголемено присуство на полицијата по минатогодишниот меѓуетнички инцидент на скопското Кале. 19 февруари 2011 година.
Архивска фотографија: Зголемено присуство на полицијата по минатогодишниот меѓуетнички инцидент на скопското Кале. 19 февруари 2011 година.

МВР побарало од Фејсбук да ги укине групите што користат говор на омраза и повикуваат на меѓуетничка и меѓуверска нетрпеливост.

Повици за протести, за одбрана на верата, за палење цркви и џамии, па дури и такви како да се множи Сребреница, вулгарни зборови, пцости, навреди. Меѓуетничката и меѓуверската нетрпеливост се пресели и на Фејсбук. Преку ноќ се појавуваат групи и профили со етнички предзнак, а на нив фотографии и видеа, постови со кои се повикува на „справување“ со другиот.
Од страна на единицата за борба со компјутерски криминал е упатено писмо до Фејсбук за укинување на групите коишто користат говор на омраза и коишто повикуваат на ширење на меѓуетничка, меѓуверска нетрпеливост и нетолеранција.
Иво Котевски, портпарол на МВР.

Полицијата следи што се случува на социјалните мрежи.

„Веќе од страна на единицата за борба со компјутерски криминал е упатено писмо до Фејсбук за укинување на групите коишто користат говор на омраза и коишто повикуваат на ширење на меѓуетничка, меѓуверска нетрпеливост и нетолеранција“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Тепачка на скопското Кале пред една година. И тогаш на социјалните мрежи имаше повици за пресметка.
Тепачка на скопското Кале пред една година. И тогаш на социјалните мрежи имаше повици за пресметка.

Потребно е да се направи реална криминална истрага во ваквите случаи, каква што досега отсуствуваше во Македонија, кога имало слични случаи, како на пример минатата година со инцидентите на Кале, вели Филип Стојановски од фондацијата Метаморфозис.
Немало во јавноста податоци дека било истражено дека се откриени причинителите на такви антиопштествени активности и дека против нив се покренати некави мерки за санкции.
Филип Стојановски, Фондацијата Метаморфозис.

„Немало во јавноста податоци дека било истражено дека се откриени причинителите на такви антиопштествени активности и дека против нив се покренати некави мерки за санкции. Ако отсуствува она што е нормална процедура во случај на кршење на законот, било да е тоа онлајн, било да е надвор од интернет, како учество во тепачка и слично и ако во тоа не се се спроведува законот, тогаш не може ни да очекуваме дека ќе има позитивни последици.“

Моќта на социјалните мрежи

Уредникот на информатичниот портал www.it.com.mk Виктор Арсовски посочува дека друштвените мрежи се дизајнирани за дружба меѓу луѓето, но кога има специфична ситуација, таа дружба многу лесно се претвори во дигитален активизам кој може да мотивира и улични протести. Како примери ги наведува „Арапската пролет“ или протестите против полициската бруталност на локално ниво.
На Фејсбук има околу 940.000 македонски профили кои се меѓусебно поврзани. Замислете си ситуација кога сите тие корисници ќе започнат да споделуваат информација за одредена активност.
Виктор Арсовски, уредник на информатичкиот портал www.it.com.mk.

„За да го сфатиме потенцијалот за акција на друштвените мрежи, доволно е само да видиме во бројките. На Фејсбук има околу 940.000 македонски профили кои се меѓусебно поврзани. Замислете си ситуација кога сите тие корисници ќе започнат да споделуваат информација за одредена активност, кога тие информации ќе се надополнат со други дополнителни информации, кога ќе им се даде оправдување на тие активности, кога ќе се групираат корисниците да веруваат во една идеја. Друштвените мрежи можат да ја подигнат свеста за одредени проблеми во општеството и ако таа свест се претвори во протест, тогаш очекувајте да видите на улиците помасовни протести бидејќи покрај идолошките мотиви, сите ќе сакаат да споделат слики, видеа и приказни од популарни протести“, вели Арсовски.

Тој посочува дека друштвените мрежи не поттикнуваат етничка, верска или нацонална омраза.

„Нетолеранцијата е поттикната и охрабрена од општеството, кое се отсликува на друштвените мрежи“, вели Арсовски.

Стојановски вели дека друг проблем е што и досега имало обиди на неспонатани и организирани протести да се препишуваат на социјалните мрежи, а за вистински спонтани протести, како оние против полициска бруталност, се припишуваше дека зад нив стои опозицијата, вели тој.

„Во ситуација кога не е политички погодно да се открие виновникот, тогаш е крив Фејсбук и социјалните мрежи, а вистинскиот израз на граѓанското незадоволство се обидува да се намали.“

Стојановски додава дека досега се покажало оти омразата меѓу луѓето, особено ако е поврзана со добивање на политички поени, не настанува спонтано и политичарите ги користат социјалните мрежи да го претстават нивниот план како спонатани собирања, но тоа досега било прилично неуспешно.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG