Достапни линкови

Грчките лидери постигнаа договор за новите мерки за штедење


Лидерите на владејачките партии во Грција
Грчките политички лидери постигнаа договор со меѓународните кредитори од ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд за новиот пакет помош, кој ќе и овозможи на земјата да избегне банкрот.
Информацијата за договорот ја потврдија двајца претставници на грчката Влада кои побараа анонимност и одбија да соопштат детали за спогодбата.
Проблем во последната фаза на преговорите беше прашањето за намалување на пензиите.
XS
SM
MD
LG