Достапни линкови

Чешките ракометари разочарани и тажни


Македонската ракометна репрезентација
Македонската ракометна репрезентација

Чешките ракометари крахираа и по поразот од Македонците ги пакуваат куферите. Големите планови се погребани. Ова се дел од насловите на чешките медиуми отткако синоќа на Европското првенство во Ниш чешката репрезентација загуби од македонската со 27 спрема 21 гол.

За жал, играчите се бореа сами со себе и затоа таков беше резултатот. Тоа е голема трагедија за целата генерација ракометари, оцени тренерот на чешката репрезентација Мартин Липтак, на кој исто така му се заканува заминување од позицијата.

Македонците се типични балканци. Тоа го сфаќаат како борба за својата нација и со фанатична публика зад себе можат да извлечат над 130 насто од нивните сили...
Јан Собол, ракометар.
Чесите можеа да се пласираат за натамошните натпревари само доколку во претходниот меч Шведска ја победеше Германија. Но тоа не се случи, пишуваат чешките весници. Германците победија и тоа значаше дека тие две репрезентации одат натаму.

Затоа Чесите мораа да дојдат до бод, но апсолутно потфрлија во второто полувреме на многу важниот натпревар. Покрај
Покрај силниот противник, Чесите ја имаа и четири илјадната македонска публика во Ниш. Навивачите направија пеколна атмосфера.
Покрај силниот противник, Чесите ја имаа и четири илјадната македонска публика во Ниш. Навивачите направија пеколна атмосфера.
силниот противник, Чесите ја имаа и четири илјадната македонска публика во Ниш. Навивачите направија пеколна атмосфера.

„Во првото полувреме ни успеа да ги стишиме, но потоа немавме сила“, вели капитенот Карел Ноцар.

Чешките медиуми оценуваат дека нивниот тим во второто време попуштил и тактички, особено откако нивниот главен адут Филип Јиха бил добро чуван, а никој од неговите соиграчи не му помогнал.

За разлика од него, левицата на капитенот на македонците Лазаров, како што се оценува, им била постојан кошмар.

Весниците потсетуваат дека Лазаров на Светското првенство во 2008 година бил најдобар стрелец и оти тогаш во 9 натпревари дал 93 голови. Вчера Лазаров даде седум гола, а во меѓувреме, како што се оценува во Прага, растеше и ефикасноста на другите негови соиграчи, за разлика од Чесите. Нивното разочарување по завршувањето на натпреварот беше големо.

„Македонците се типични Балканци. Тоа го сфаќаат како борба за својата нација и со фанатична публика зад себе можат да извлечат над 130 насто од нивните сили“, го цитираат Јан Собол кој во оваа сезона е во Вардар од Скопје, а во решавачкиот дуел играше против четири негови клупски соиграчи.

Атмосферата во кабината јасно ја отсликува голманот Петр Штоцл:

„Нашата цел беше да се се пласираме и да се обидеме да се квалификуваме за Олимписките игри. Таквиот сон не ни успеа да го оствариме. Но, што друго да очекуваме кога победивме во еден меч, а во другите два не дадовме сто насто од себе. Сега сме несреќни и тажни“, изјави Штоцл.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG