Достапни линкови

Во Ниш, како на домашен терен, против Шведска


Македонски навивачи во Ниш.
Македонски навивачи во Ниш.

Во Ниш има околу 3.000 македонски навивачи во очекување на дуелот со Шведска на ЕП во ракомет. Ќа помогнат ли бројните навивачи за победа против фаворизираните Швеѓани?

Македонските навивачи „го окупираа“ Ниш, каде што вечерва во 19:30ч., машката ракометна репрезентација на Македонија ќе го одигра првиот меч на Европското првенство во Србија против фаворизираната Шведска. Медиумите јавуваат дека во Ниш има повеќе од три илјади македонски фанови. Првите македонски навивачи заминаа во Србија уште вчера, а денеска до пладне од Македонија кон Србија преку граничниот премин Табановце поминале околу 4.500 луѓе.
Кире Лазаров е извонреден ракометар, најдобар стрелец на СП 2009 во Хрватска. Доколку има клубови против кои што тој играл многу натпревари, тогаш тоа се Барселона и Кил. Стапивме во контакт со стручните штабови на овие екипи и добивме обемен видео-материјал, како и совети околку тоа како најдобро да го спречиме најдобриот македонски ракометар.
Улф Нистром, видео-аналитичар на селекцијата на Шведска.

Домашната публика, очекува ракометарите да и донесат слична радост како кошаркарите на ЕП во Литванија.

Иако, македонската репрезентација важи за аутсајдер во групата Б, каде што настапува покрај Шведска, Германија и Чешка, сепак, селекторот Ѕвонко Шундовски очекува Македонија да биде подобра од барем една од овое селекции и да заврши трета во групата со што ќе обезбеди пласман во втората фаза и ќе влезе во 12-те најдобри европски селекции.

Ракометарот Филип Миркуловски е уште поголем оптимист:
Македонската ракометна репрезентација.
Македонската ракометна репрезентација.

„Одиме да го дадеме најдоброто од себе. Наш мотив е најпрвин да се пласираме во втората фаза во Белград, а после тоа целта ни е да освоиме меѓу првите осум места, односно да избориме квалификационен турнир за Олимпијадата во Лондон. Полни сме со оптимизам, подготвени сме и физички и психички со помош на нашата публика која ќе дојде во голем број да ја оствариме нашата цел“, изјави
Миркуловски.

Капитенот Кире Лазаров се надева на подвиг, по примерот на кошаркарите:
Од 19:30 часот во пеколот на „Чаир“, што ќе го содадат македонските навивачи, ќе играат репрезентациите на Шведска и Македонија. Квалитетот е на страна на Швеѓаните, но се околу теренот ќе биде во „црвено“ и тоа е голема предност за Кире Лазаров и момците, кои ретко губат во такви околности.
balkan-handball.com, балкански ракометен портал.

„За кошаркарите секоја чест. Тие веруваа, направија и покажаа на сите Македонци, на сите спортисти, на сите полиња дека во тоа што се работи треба да се верува. И ние веруваме и ќе пробаме се за да направиме. Не се оптоваруваме со медали. Тоа е нереално, но, доколку ни се укаже шанса секако дека ќе се обидеме да ја искористиме, иако сме најголеми аутсајдери и според обложувалниците и според рејтингот на ЕХФ. Но, имаме добра атмосфера, имаме добри играчи и едноставно ќе се обидеме да го дадеме максимумот од нас“, рече Лазаров.

Македонската репрезентација вечерва ќе настапи без првиот пикер Ванчо Димовски. Иако тој доби дозвола да биде дел од репрезентацијата на овa европскo првенство, Шундоски, по консултациите со лекарскиот тим, одлучил да не го вклучи во пријавениот состав против Швеѓаните.

Во меѓувреме, шведските медиуми пишуваат дека клуч за успех против Македонија ќе биде да се запре Кире Лазаров.

„Кире Лазаров е извонреден ракометар, најдобар стрелец на СП 2009 во Хрватска. Доколку има клубови против кои што тој играл многу натпревари, тогаш тоа се Барселона и Кил. Стапивме во контакт со стручните штабови на овие екипи и добивме обемен видео-материјал, како и совети околку тоа како најдобро да го спречиме најдобриот македонски ракометар“, изјави видео-аналитичарот на селекцијата на Шведска Улф Нистром.

Балканскиот ракометен портал balkan-handball.com, пак, пишува дека успех на македонската репрезентација може да им донесат бројните навивачи кои ќе ја наполнат салата Чаир во Ниш.

„Од 19:30 часот во пеколот на „Чаир“, што ќе го содадат македонските навивачи, ќе играат репрезентациите на Шведска и Македонија. Квалитетот е на страна на Швеѓаните, но се околу теренот ќе биде во „црвено“ и тоа е голема предност за Кире Лазаров и момците, кои ретко губат во такви околности“, пишува balkan-handball.com.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG