Достапни линкови

Македонија - „умерено слободна“ економија


Во извештајот на фондацијата Херитаџ и Вол Стрит Журнал за Индексот на економските слободи во 2012, Македонија е рангирана на 43 место како земја со умерено слободна економија.

Во извештајот на фондацијата Херитаџ и Вол Стрит Журнал за Индексот на економските слободи во 2012, Македонија е рангирана на 43 место како земја со умерено слободна економија. Во 2011 година Македонија го доби 55 место, а во 2010 беше на 56 место. На прво место, 18 години по ред е Хонг Конг, а на второ Сингапур. Македонија се наоѓа на 43 место. За прв пат, државата била рангирана во овој извештај во 2002 година и оттогаш напреднала за 10,5 поени.


Зад Македонија се наоѓа Албанија која што е на 57 место, а Бугарија е на 61-то место. Потоа од земјите во регионот следуваат Словенија 69, Црнa Гора 72, Хрватска 83, Србија е на 98 место, а убедливо со најмалку економски слободи во регионот е Грција која се наоѓа на 119-то место.

постојат ограничувања во однос на развојот на вистински жив приватен сектор. И покрај извесниот напредок, корупцијата останува причина за загриженост. Неефикасната правна рамка не дава ефикасна заштита на правата на сопственост и натаму останува значителна пречка за економската ефикасност.

Најголеми економски слободи имаат Хонг Конг, Сингапур, Австралија, Нов Зеланд и Швајцарија, а најлоша е состојбата во диктаторските држави како што е Северна Кореја, Зимбабве, Куба и други.

Индексот на економски слободи на Херитаџ и Вол Стрит Журнал се прави од 1995, а во него се оценуваат економските слободи во доменот на владеењето на законот, регулаторната ефикасност, отвореноста на пазарот и ограниченоста на владата.


Македонскиот резултат за годинава изнесува 68,5 поени, што ја става на 43 место и во групата умерено слободни земји. Станува збор за подобрување од 2,5 поени од лани односно за подобрување во 6 од 10 области кои се оценуваат и ова ниво е над светскиот и регионалниот просек.

Во извештајот се наведува дека македонската влада презела значајни реформи во многу сектори на економијата во текот на изминатите неколку години за развој на просперитетен претприемачки сектор.

Според Индексот за економски слободи во 2012 година, вкупната оценка за Македонија е подобрена за извонредни 10,5 поени откако земјата се појави за прв пат во извештаите во 2002 година.


Конкурентните рамни даночни стапки и поголем финансиски сектор дозволува доделување кредити по пазарни услови што е придонес за динамика во приватниот сектор, како и отворените пазарни политики во врска со трговијата и инвестициите.
Од друга страна, постојат ограничувања во однос на развојот на вистински жив приватен сектор. И покрај извесниот напредок, корупцијата останува причина за загриженост. Неефикасната правна рамка не дава ефикасна заштита на правата на сопственост и натаму останува значителна пречка за економската ефикасност. Како негатива за економските слободи се наведуваат и влијанијата врз судството.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG