Достапни линкови

Високите камати го кочат бизнисот


Во време на криза компаниите се жалат дека високите каматни стапки им го отежнуваат бизнисот. Експертите сметаат дека каматите се реални и дека компаниите не треба многу да се потпираат на банките.

Високите каматни стапки го кочат развојот на компаниите и ја загрозуваат нивната работа во време на криза, велат бизнисмените. Додека, пак, експертите не се согласни и сметаат дека тие се реални во однос на побарувачката. Првиот човек на Макстил, Mинчо Jорданов вели дека со неиздржливите финансиски трошоци кои што ги имаат сите претпријатија и со премногу неоправдано скапите пари кои му се на располагање на стопанството одвај опстануваат.
Очекувам дека е навистина крајно време да се направат сериозни промени во монетарната политика.
Минчо Јорданов, Макстил.

„Во периоди на рецесија, сета монетарна политика сите светски економии имаат да кажам еден јасен концепт, се оди на тоа да се поттикне развојот, да се сопре рецесијата, или уште полошо депресијата, со што е можно економски оправдано тоа го прават поевтини пари, во однос на Макстил, партнерите плаќаат три пати поевтини пари отколу што ги
плаќа Макстил.“

Поранешниот гувернер на Народната банка, Љубе Трпески вели дека таа дилема меѓу компаниите и банките отсекогаш била присутна.

„Каматите, вакви како што се, се реални и се одраз на понудата и побарувачката за кредити. Ако имаме перманентно поголема побарувачка за кредити од страна на стопанските
Кај нас за жал стопанските субјекти се ориентирани кон банките за доделување на ликвидни средства, не користат како во другите земји, други алтернативни извори на финансирање и од таму банките се наоѓаат во некоја „олигополска“ положба и ги диктираат овие камати.
Љубе Трпески, поранешен гувернер на НБРМ.

субјекти према банките, нормално банките ќе одредуваат и повисока камата, а ако побарувачката е пониска тогаш мора да се намали и каматната стапка.“

Јорданов вели дека им е потребен поевтин капитал за да може да се развие стопанството и полесно да ја помина рецесијата.

„Да се овозможат тие процеси на одржување на производството во време на рецесија со што поевтин капитал, овозможување со таков капитал тие заостанати процеси, радикално заостанати процеси на модернизација на македонското стопанство и очекувам дека е навистина крајно време да се направат сериозни промени во монетарната политика.“

Според Трпески, проблемот е во тоа што компаниите премногу се ослонуваат на банките.

„Кај нас за жал стопанските субјекти се ориентирани кон банките за доделување на ликвидни средства, не користат како во другите земји, други алтернативни извори на финансирање и од таму банките се наоѓаат во некоја „олигополска“ положба и ги диктираат овие камати.“

Експертите сметаат дека мерките кои што може да ги преземе владата е да субвенционира дел од каматите, да спроведе некои даночни олеснувања на банките и Централната банка со намалување на задолжителната резерва може да влијае на намалувањето на каматните стапки.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG