Достапни линкови

Државата ем олеснува, ем престрого казнува


Илустрација, работници во фабрика за чоколада
Илустрација, работници во фабрика за чоколада

Дражавата од една страна ветува мерки за подршка на стопанството, од друга страна пак во исто време стапија на сила нови казнени одредби за стопанството.

Бизнисмените и претставниците на стопански комори за сега не ги коментираат најавите за нови мерки за поддршка на стопанството, кои власта ги најави за почетокот на годинава. Претходните мерки обезбедија придобивки за само еден дел од стопанството, вели претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи.
Tие имаа ефекти, не дека биле без ефекти. Меѓутоа тие ефекти беа делумни кои важеа за одредени цели на владата. Според нашите анализи, тие секогаш се врзуваат некако за политичките платформи на владејачката партија.
Мендерес Кучи,Стопанската комора на северозападна Македонија

„Тие имаа ефекти, не дека биле без ефекти. Меѓутоа тие ефекти беа делумни кои важеа за одредени цели на владата. Според нашите анализи, тие секогаш се врзуваат некако за политичките платформи на владејачката партија“, вели Кучи.

Најавите за нови 50 мерки за подршка на стопанството беа проследени и од стапување на сила на нови казнени одредби за стопанството. На пример, од Министерството за труд и социјална политика најавија засилени инспекциски надзори во фирмите со казни до 7.000 евра за непријавени работници. Од тука се поставува прашањето: Колку мерките на власта би го помогнале
Работници во текстилна фабрика
Работници во текстилна фабрика
стопанството, ако од друга страна се пишуваат казни по европски терк.

Кучи претпоставува дека даночните олеснувања и намалените придонеси на државата се компензираат со високи казни и наведува искуство на членка на комората:

„По случај имало доказ за два купувача. Притоа една фактура за транспорт била направена за двајца.
Драконски се. Ние сме имале случаи во неколку наврати да плаќаме казни, за кои се гледа дека не се со намера направени да се оштети нешто, дали државата или некој од странките. Но секој што работи и греши.
Савка Димитрова, „Европа“.

Меѓутоа едната не била приложена во царинската документација. Кога е пронајдена признал дека е пропуст, но тоа е износ од 300, 400 евра, при тоа имаме глоба од 50 илјади евра за истиот субјект“, вели Кучи.

Казните не се прилагодени на стандардот на компаниите, забележува извршниот директор на „Европа“, Савка Димитрова.

„Драконски се. Ние сме имале случаи во неколку наврати да плаќаме казни, за кои се гледа дека не се со намера направени да се оштети нешто, дали државата или некој од странките. Но секој што работи и греши“, вели Димитрова.

Од претходните мерки за производителите имало привремени царински олеснувања за увоз на репроматеријали, посочува Димитрова.

„Меѓутоа ни е ветено дека до крајот на јануари ќе биде изменатиот тарифник поминат на Собрание. Така да тоа веќе значи олеснување. Другиот дел ние немаме конкретно некое олеснување“, вели Димитрова.

Според неофицијални информации на Радио Слободна Европа, новиот пакет мерки ќе се фокусира на забелешките наведени во извештајот „Дуинг Бизнис“ на Светската банка. Првиот човек на оваа организација во Македонија Лилија Бурунчук во интервју за Радио Слободна Европа посочи дека „со Дуинг Бизнис не се мерат сите важни фактори кои влијаат на бизнис активностите.“

Останува да се види дали новите најави за помош во услови на криза на европските пазари ќе се сведат на олеснување на административни процедури, како добивање на градежни дозволи, регистрирање на имот, започнување бизнис и слично.
XS
SM
MD
LG