Достапни линкови

Владата расипнички штеди


Премиерот Никола Груевски на поставувањето камен-темелник на новата зграда на ЈП „Водовод и Канализација“ во Скопје.
Премиерот Никола Груевски на поставувањето камен-темелник на новата зграда на ЈП „Водовод и Канализација“ во Скопје.

Од една страна, власта повикуваат да се штеди, од друга страна општините се расфрлаат со украсување. Граѓаните, пак, и оваа година скромно за празниците.

Кога ќе видите колку општините се расфрлаат со новогодишно украсување на главниот град, смешно и непотребно изгледа повикот на Владата државните фирми да се воздржат од прослави на државен трошок и да не доделуваат новогодишни пакетчиња со буџетски средства. За експертите, ваквите пораки од страна на власта се уште еден од низата обиди на владата да го поправи својот имиџ и да покаже дека домаќински работи, вели професор Христо Карталов.
Тие расфрлија толку многу средства на улиците да ги украсат, да ги дотераат, да покажат дека постои едно изобилство, една благосостојба во државата, дека нам ни цветаат рози.
Христо Карталов, професор.

„Со она што се прави во општините сега, што го прават од таа владејачка гарнитура се расфрлаат со украсување на градот, тоа никако не кореспондира, тие расфрлија толку многу средства на улиците да ги украсат, да ги дотераат, да покажат дека постои едно изобилство, една благосостојба во државата, дека нам ни цветаат рози.“

Иако во соопштението до јавноста, владата вели дека тоа се прави
поради светската економска криза, Карталов смета дека ваквата одлука за штедење и воздржување од новогодишни трошоци нема многу да му помогне на македонското стопанство.

„Тоа нема да помогне во нашата општа економска состојба, треба во секој случај да го зголеми општиот
Го накитиле градот, цела Македонија, а ние со што да се китиме со сиромаштија, тоа ли е китење, срамота, не се отвараат фабрики, туку само овие „столбови“ кои и понатаму ќе јадат многу пари.
Анкетиран граѓанин.

имиџ на владата, дека и со ваквите јавни повици ги повикува на совест своите потчинети да бидат поразумни во трошењето, односно да не се расфрлат со народни средства.“

Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека ваквите мерки на Владата се само замачкување очи на јавноста. Повеќето од нив велат дека не ја чувствуваат празничната атмосфера, пред се поради големата сиромаштија и високите цени на производите.

„Го накитиле градот, цела Македонија, а ние со што да се китиме, со сиромаштија, тоа ли е китење, срамота, не се отвараат фабрики, туку само овие „столбови“ кои и понатаму ќе јадат многу пари.“

„Не се штеди, тие уште денеска си почнуваат со прослави. “

„Почнавме со пакетчиња за внуците, инаку се друго е скапо, нема збор тука.“

„Ја го осеќам така моето расположение, скромно се живее, и за празниците ќе биде како и најнормално, ако имаме некоја паричка ќе ми дадеме на децата.“

Годинава вработените кои порано добивале парични награди, нема да можат да се радуваат на екстра приход. Владата меѓудругото одлучила и да не се исплаќаат регреси за годишен одмор. Истата порака се препорачува и на регуларторните тела и на единиците на локалната самоуправа, градинките, основните и средни училишта во земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG