Достапни линкови

Битка за социјалците и за власт


Кој повеќе им помага на сиромашните во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Всушност приказната оди вака – четирите градоначалници на СДСМ сакаат да спроведат субвениции за најзагрозените, а од ВМРО-ДПМНЕ им одговорија дека тие во Скопје одамна тоа го правеле. Во меѓувреме се повеќе сиромашни кои тропаат на вратата на Црвениот Крст.

Попустите за плаќање на некои комунални услуги веќе неколку години ги користат најсиромашните граѓани во Скопје, а од Нова година општините ќе им ги покриваат сите долгови за дел од комуналиите и на грѓаните во Струмица, Куманово и Охрид. Целта на одлуката на СДСМ, која како што велат е во милионски суми, е општините да трансферираат пари на комуналните претпријатија за да им помогнат во плаќање на сметите за вода и смет на социјалните семејства, но и на оние кои освен проблематична финансиска состојба, имаат и дополнување од типот лица со попреченост во развојот и инвалидитет.

Ваков вид на помош, без разлика дали се работи за интервентна помош, секако дека ја ублажува состојбата, меѓутоа добро би било кога ќе има некаков систем за надминување на таа состојба во одредени семејства, зашто сметам дека не сите, без разлика што се социјално загрозени, се во иста состојба на загрозеност.
Сузана Тунева Пауновска, Црвен Крст на град Скопје.
„Што значи тоа? Општина Струмица трансферира 36 милиони денари од буџетот на општината на ЈП Комуналец од Струмица, за да им избрише долгови од сметките на најзагорзените социјални случаи. Убаво е да се донесе ваква одлука од сите општини за да им се помогне на сопствените граѓани“, изјави Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

И во ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие од пред повеќе години ги имаат предвид граѓаните кои немаат примања и бараат помош. Во градот Скопје повеќе години јавните претпријатија за комунална хигиена и за водовод ги ослободуваат од плаќање надоместок социјалните случаи, а во Битоа се вклучени и лицата со посебни потреби. Таква иницијатива има од неодамна и во Кавадарци, вели градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски.

„Сакаме да им укажаме дека тоа веќе се спроведува, затоа што тие не повикаа да земеме пример од таа активност, сакаме да им укажеме, бидејќи очигледно е дека не биле информирани, дека таква активност се спроведува повеќе години. Нам ни е драго што ете и тие конечно почнаа да спроведуваат такви активности.“

Во меѓувреме, секоја година е потешка од претходната. Се поставува прашањето, колку социјалната мрежа е зрела да им помогне на најзагрозените категории граѓани. Оптоварени со условите поради големиот обем на работа се и социјалните работници. Бројот на оние кои ќе тропнат на вратата на некој од центрите на Црвениот крст не се намалува веќе со години, туку напротив, вели Сузана Тунева Пауновска од Црвениот Крст на град Скопје. Според нејзините зборови, потребно е системско решение.

„Ваков вид на помош, без разлика дали се работи за интервентна помош, секако дека ја ублажува состојбата, меѓутоа добро би било кога ќе има некаков систем за надминување на таа состојба во одредени семејства, зашто сметам дека не сите, без разлика што се социјално загрозени, се во иста состојба на загрозеност.“

Од Министерството за труд и социјална политика социјалните семејства добиваат по 600 денари месечно за енергија, по 1.000 денари доколку имаат деца кои одат на училиште, а оние кои имаат зголемени трошоци можат да добијат еднократна парична помош во зависност од случајот. Бројот на семејства кои користат постојана социјална помош во просек изнесува околу 65.000.

Социолозите веќе подолго време предупредуваат дека нашата земја котира меѓу оние што имаат голем број социјални случаи и невработени.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG