Достапни линкови

Охрид подготвен за Нова година


Градот Охрид украсен со новогодишни украси. 2011
Градот Охрид украсен со новогодишни украси. 2011

Цените се како лани и пред две години и се движат околу 110 евра за дводневните и 135 евра за тридневните аранжмани, велат охридските хотелиери.

Со гости од земјава и странци од регионов, Охрид треба да биде полн за новогодишните празници. Претходница на овој бран ќе бидат повеќе групи со гости од Грција кои на oхридско-струшката ривиера ќе го слават Божиќ на 25-ти декември. Хотелиерите велат дека најголем дел од капацитетите се ангажирани со резервации на традиционалните туристи од соседните држави, кои вообичаено последнава деценија се најбројни славеници тука за највеселата ноќ во годината. И во двата хотели очекуваме исполнетост со повеќе од 90 проценти.
Tрендoт на промовирање на Охрид како туристички центар не само во летото, туку и во зима, дава резултати. Оваа Нова година ќе биде полна. Потоа ќе бидеме посетени и за другите празници, и за нив имаме доста најави.
Димитри Пендо, охридски угостител.

„Имаме потврдено доаѓање на гости од регионот, најмногу од Бугарија, Албанија, а ќе имаме Срби и Грци. Покрај нив ќе има и наши гости од Македонија“, вели Филип Мишевски, заменик директор на хотелите Метропол Белви.

„Со сигурност можам да кажам дека оваа Нова година во Охрид ќе биде екстра, со одлична исполнетост на хотелските капацитети, бидејќи конкретно еве ако се суди по нашиот објект, веќе над 90 проценти сме продадени. Интересот е најголем кај гостите од Бугарија и Црна Гора, за среќа иако во летниот период ги немавме Србите, ти пак ни се враќаат за новогодишните празници, и секако ​
Охрид
Охрид
имаме интерес и од домашните гости“, вели Тоше Чочороски, директор на хотел Силекс.

Тие информираат дека цените се на ланско или пониско ниво, и се движат околу 110 евра за дводневните и 135 евра тридневните аранжмани со прославата за свечениот дочек.

„Tрендoт на промовирање на Охрид како туристички центар не само во
Со сигурност можам да кажам дека оваа Нова година во Охрид ќе биде екстра, со одлична исполнетост на хотелските капацитети.
Тоше Чочороски, хотелиер.

летото, туку и во зима, дава резултати. Оваа Нова година ќе биде полна. Потоа ќе бидеме посетени и за другите празници, и за нив имаме доста најави. Се надевам дека во соработка со општината и другите институции надлежни за промоција и развој на туризмот, треба да поработиме малку повеќе за привлекување на гости од Грција, Бугарија и Албанија, за католичкиот Божиќ. Така ќе можеме да поврземе и преку зима цел месец кога Охрид би бил полн со гости“, вели Димитри Пендо, од охридскиот угостителски еснаф.

Празничната вечера на 31-ви декември се нуди од 20 до 50 евра, со храна, а пијалакот некаде е вклучен или се доплатува. Сопствениците на кафулињата, ноќните клубови и дискотеките тврдат дека цените ги намалиле за 20-тина проценти од лани и тие се движат од 10 евра за консумација, 1.000 до 1.400 денари за некоја пијачка и мезе, а некаде влезот е слободен. На домашните славеници и гостите, градските татковци и полицијата им ветуваат безбеден, мирен и гостопримлив град за празниците, смирувајќи ги тензиите откако минатиов период се случија бројни инциденти со тепачки и револверски пресметки што ги вознемирија граѓаните.

„Се работи за еден ист тип на сторители, нарушители, повторници, кои од безобзирни побуди го нарушувуваат јавниот ред и мир и во моментов тие се наоѓаат на издржување на мерка притвор“, вели Добри Ставрески, командир на охридската полиција.

Во Охрид, кој е комплетно украсен и веќе во празничен амбиент, за новата година се очекуваат околу 30 илјади гости, за кои локалната самоуправа подготвува целодневна и ноќна забава на градскиот плоштад со дочек на 2012-та година за сите генерации.
XS
SM
MD
LG